• Latest

Амбасадорката Аксинте: Ова не е само војна на Украина туку и војна против нашите вредности, слобода, нашите демократски заедници

February 24, 2023

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Амбасадорката Аксинте: Ова не е само војна на Украина туку и војна против нашите вредности, слобода, нашите демократски заедници

February 24, 2023 13:21
in Uncategorized, ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пред една година Русиjа реши да ја нападне Украина, една мирна и независна земја и со тоа за првпат после многу години ја врати војната во Европа. Ова брутална војна која што ја предизвика големо патење на Украина и украинскиот народ, преку големите загуби на човечките животи беше една пресудна точка за целиот свет. И не е само војна во Украина, туку војна против нашата слобода, нашите вредности, нашите демократски заедници, војна против суштинските параметри на безбедносната архитектура и сите други прашања околу тоа  рече амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела Моника Аксинте на конференција „Украина – година на хероизмот“, на ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

„Цената е висока, не само за Европа, туку за целиот евроатлантски простор, но и за понатамошниот меѓународен поредок за наредните генерации. Затоа е многу битно Украина да победи. Затоа е многу битно Украина да биде поддржана сега и тоа е тоа што Романија го прави заедно со своите соработници и партнери, вклучувајќи ја и Северна Македонија и ќе продолжи да го одработува својот дел, обезбедувајќи константна и повеќе-системска помош за Украина. Ќе и помогнеме да си ја обезбеди својата независност во рамките на границите кои што се меѓународно признати.“, додаде Аксинте.

Романската амбасадорка се осврна на несебичната помош од страна на романските власти и народ на Украинците што преминаа во Романија, во домување, здравство, транспорт и училишта.

„Романија е членка на Европската унија и е членка на НАТО, која што има најдолга гранична линија со Украина. Граница која што е помината од над 3,5 милиони Украинци за кои обезбедивме бесплатен пристап за домување, здравство, транспорт и училиште. Сé што беше потребно за да тие се чувствуваат безбедно. Уште повеќе, обезбедивме хуманитарна помош во северниот дел на Романија. Обезбедивме полесен пристап на хуманитарната помош во Украина. Од март минатата година, повеќе од 70 конвои со хуманитарна помош транзитираа преку тој хаб. Во исто време, Романија транзитираше над 13 милиони житни продукти низ својата територија како и други земјоделски продукти. Ова е над 60 отсто од целосната поддршка која што ја обезбеди Европската унија. Во овој контекст, Романија ја цени својата соработка со партнерите во помошта на Украина и верувам дека една од консеквенциите од војната што Русија ја започна во Украина е тоа дека евроатлантската заедница е по здружена од кога и да е претходно. Во нашиот регион околностите се сменија но со помошта на Украина заедно со Северна Македонија како и другите земји кои се наши соработници, партнери, се грижиме за безбедносните прашања во Балканот и Западен Балкан како регион.

Амбасадорката на Романија во Репуплика Северна Македонија, Адела Моника Аксинте Конференција „Украина: Година на хероизмот“ фотографија: Ангел Ангеловски

Од оваа гледна точка, ја цениме одлуката на Република Северна Македонија да се приклучи на групата за солидарност на романска територија. Во овој контекст, би сакала да ја искористам можноста посебно да и честитам на Северна Македонија за брзите и конкретни мерки кои што ги презема во однос на војната што Русија ја покрена врз Украина, за тоа што покажа лидерство во регионот и потврди дека Северна Македонија го има одредено својот пат кон Европската унија и вредностите. Како што веќе реков, не можам а да не го спомнам претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ, бидејќи ова се случува во едни многу тешки времиња и затоа аплаудираме на претседателството на Северна Македонија во ОБСЕ, а со тоа ја имавме и првата посета на Буенос, како прв претседавач на ОБСЕ да ја посети Украина во име на Европската унија. Еве помина една година од почетокот на агресијата која што ја одбележуваме, за неописниот пат на украинскиот народ и една година од херојства и подготвеноста на украинскиот народ да го покажа својот отпор. Украина си ја штити својата цивилна популација од сериозните напади на руската армија што резултираше со десетици илјади жртви.

Амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела Моника Аксинте, конференција „Украина: Година на хероизмот“ фотографија: Ангел Ангеловски

Веќе една година, градовите во Украина се гранатирани редовно од Русите, кои го прикажаа своето нечовечно лице преку напаѓање на цивили и внесување на ракетен терор врз цивилите и цивилната инфраструктура, оставајќи милиони Украинци без греење, вода и електрична енергија. Цела една година, Русија и руската армија и своите соработници вршат невидени воени дела, од депортации, киднапирање на деца за посвојување во Русија, убиство на жени и деца. Ова не смее да помине неказнето. Не смее да има неодговорност. Во овој контекст, Романија во целост ја поддржува Украина во своите обиди да побара одговорност за воените злосторства. Сите тие кои се одговорни за овие воени злосторства, мора да бидат одговорни во контекст на меѓународното право.“, порача Аксинте.

Дами и господа, дозволете ми да завршам со тоа што ќе потенцирам дека Романија ќе продолжи да биде на страната на Украина и заедно со украинскиот народ, колку и да е тоа потребно, сé до победата, па и понатаму.

Ви благодарам. Слава на Украина!

 

С. Танеска/Д. Тахири

камера: Атанас Петровски/ Александар Ризински

реализација и монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Ангел Ангеловски 

 

Tags: „Украина – година на хероизмот“аксинтеконференцијаРоманија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ