• Latest

Активисти од иницијативата „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ со блокада за камионите за отпад

August 2, 2020

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Активисти од иницијативата „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ со блокада за камионите за отпад

August 2, 2020 21:33
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Активисти од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ и граѓани од околните населби денеска го блокираа пристапот на камионите кои носат отпад на регионалната депонија. Тие со жив штит застанаа локалниот пат од Долна Бањица кон месноста Русино и најавија дека блокадата ќе трае наредните десетина дена.

Активистите по поставувањето на блокадата ги истакнаа и барањата кои доколку се исполнат ќе ги прекинат блокадите.

– Со оглед дека локалната власт не ги зеде предвид нашите барања и по извесен период се решивме на овој чекор. Нашите барања се три: да се запре горењето на ѓубриштето Русино кое сè уште гори, тлее и чади; да се стават камери и обезбедување со што ќе се спречат или идентификуваат подметнувачи на пожарите и општината да побара помош до надлежните институции за санација и затворање на ѓубриштето Русино и одредување нова локација и изградба на регионална депонија согласно ЕУ стандардите, изјави Десо Матески од Граѓанска иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“.

Засега е неизвесно каде ќе се транспортираат околу 40 тони комунален отпад од гостиварската општина.

Во близина на рампата која е поставена од порано, активистите направиле мини-камп во кој ќе дежураат за да спречат поминување на камиони со отпад. Местото го обезбедува и полицијата.

Матески се пожали дека врз него и други активисти, деновиве се вршеле притисоци за да се откажат од блокадите. Тој бил принуден, како што вели да го пријави во полиција директорот гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ по упатени закани.
Од полицијата потврдија дека Исак Љазами, директорот на ЈП Комуналец денеска е повикан на разговор во врска со пријава против него и за целосно расчистување на случајот. Тој ги негираше обвинувањата дека се заканувал и тоа го изјавил во разговорот во ОВР Гостивар.

– Пријавата против мене е неоснована и не сум упатил никакви закани. Јас лично ја поддржувам иницијативата сакам овој проблем да се реши. Во разговор со одговорните во полиција побарав да преземат соодветни мерки и да овозможат поминување на камионите на претпријатието кон депонијата и да спречат евентуални инциденти, изјави Љазами по разговорот во ОВР Гостивар.

Според него, блокадата на камионите со комунален смет може да предизвика проблеми, со оглед дека се работи за количина од околу 40 тони колку се собираат на дневно ниво. Неподигањето на сметот во летниот период претставува и дополнителн ризик по здравјето на луѓето.

Состојбата со регионалната депонија Русино во последниве два месеци стана актуелна откако гореше отпадот и граѓаните се жалеа на загаден воздух и лоша миризба. Под притисок на јавноста, локалната власт организираше јавна дебата на која учествуваа и претставници на повеќе државни и локални институции. Повеќето од граѓаните во дискусиите ги критикуваа властите дека недоволно се грижат за здравјето на луѓето и дека наметнуваат решенија кои се штетни и неодржливи на подолг рок. Повеќето беа недвосмислени во барањето, депонијата да се затвори.

Градоначалникот општина Гостивар, Арбен Таравари, изјави дека локалната власт веќе презела чекори.

– По дебатата дојдовме до заклучок дека Русино ќе биде отворено само за отпадот од општина Гостивар. За ваквиот исход им најавив и на колегите од Врапчиште и Маврово Ростуше да не праќаат камиони со отпад, рече Таравари.

Тој напомена дека во наредниве денови ќе се разгледаат можностите за да се организира и референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали Русино и натаму ќе опстои како регионална депонија.

ЦИВИЛ Медиа во септември минатата година разговараше со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, токму за депонијата Русино и ингеренциите на општината за справување со проблемот.

Градоначалникот на Гостивар, д-р Арбен Таравари, отворено и директно говореше за ЦИВИЛ Медиа за еколошките проблеми што го мачат градот и општината. Проблемите со кои се соочува локалната администрација и жителите на Гостивар се илустрација колку политиката на централно ниво е оддалечена од зелените политики и практики и колку тоа лошо влијае на квалитетот на животот.

 

 


Таравари: Ингеренции немаме, инвеститорите ги препративме во Владата, реакција нема

Print Friendly, PDF & Email
Share42Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ