• Latest

Актерите од Куманово незадоволни од распределените средствата за театарот за 2018 година

February 12, 2018
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Актерите од Куманово незадоволни од распределените средствата за театарот за 2018 година

February 12, 2018 17:28
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Кумановските актери од македонската драма  изразија незадоволство од начинот на кој Министертвото за култура ги распредели средствата за 2018 година, кој според групата актери од Куманово, театарот повторно е обесправен.

-Ние, актерите од Театар Куманово, јавно го искажуваме нашето незадоволство од објавените резултати за годишната програма на Министерството за култура за 2018 година, според која, на театарот во Куманово (македонска драма) повторно се доделени само два проекти, со вкупен буџет од 1.600.000 денари, стои во реакцијата на групата актери од кумановскиот театар.

Во реакцијата се наведува дека се револтирани поради, како што велат, долгогодишниот третман со кој се маргинализира, кумановскиот тетар. Тие додаваат дека претходно биле охрабрени од ветувањата на новиот состав во министерството дека ќе има фер дистрибуција на средствата. Во реакцијата нагласуваат дека работат во лоши услови и потсетуваат на проблемот дека се единствени во државата кои електронски го евдидентираат работното време како административни работници. Тие потенцираат дека од 2010 година немаат уметнички директор и не учествуваат во креирање на политиките. Во кумановскиот тетар функционираат две драми на македонски и албански и велат дека оваа година прославуваат 70 години од постоењето и оти очекувале дека годинава ќе добијат повеќе средства.

Актерите од Куманово прашуваат по кои критериуми се одобрени еднакви средства за двата проекти за македонската драма од кумановскиот театар. Во реакцијата, потсетуваат и на блескавото минато на кумановскиот тетар, и нагласија дека  работат во импровизирани услови..

„ Не само што сакаме, ние имаме обврска да го одржиме во живот овој театар, сакаме и имаме обврска да му го вратиме некогашниот сјај, зашто овој театар и сите вработени во него тоа го заслужуваат. Затоа што граѓаните, љубителите на театарот тоа го заслужуваат. Изгледа време е пак да се активира „Нема да ви помине!“, стои во реакцијата на групата актери.

Вршителот на должност од кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Роберт Цветковски, информираше дека годинава биле доставени по пет проекти и за макаеоднската и албанската драма, а за одобрените одлучува комисија од Министерството за култура. И претходните години биле доделувани средства само по два проекти и кај македонската и кај албанската драма од кумановскиот театар.

Од Министерството за култура, потврдуваат дека театарот работи во лоши услови и дека таквите можности (прокиснување, недостаток на греење и други големи проблеми)  не обезбедуваат услови за квалитетно реализирање на програмата. Од Министерството појаснуваат дека кумановскиот тетар со двете драми добил четири проекти што е на исто рамниште со останатите театари. Петрит Сарачини, посебен советник за култура наведува дека, Министерството интензивно работи на обезбедување на условите, додавајќи дека санацијата на покривот на Центарот за култура и театарот во Куманово е дел од посебната програма на Министерството за санирање на покривите на повеќе објекти на националните установи низ целата земја, за што Владата на РМ во Буџетот за 2018 година обезбеди 60 милиони денари. Од Министерството додаваат и дека работат и на решение за проблемот со греењето кое се планира да се спроведе во најбрз можен рок во зависност од расположливите средства.

Од Министерството појаснија дека кумановскиот театар не поднел проект за одбележување на 70 годишнината, но дека како Министерство за култура стојат на располагање да се изнајде начин за одбележување на јубилејот…

 –Генерално можеме да кажеме дека освен поддршката за проектите, преку годишната програма се обезбедени средства и за раздолжување од обврските создадени со мегаломанското и неодговорно трошење во изминатите години, како и за создавање основни услови во установите и дејностите, по долгогодишна негрижа и запоставување. Комисиите инсистираа одобрените проекти да бидат издржани, со реални буџети што овозможуваат база за нивно успешно реализирање, стои во писмениот одговор на Сарачини.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини

Tags: актериКумановоМакедонијаМинистерство за култураСарачинитеатар
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ