• Latest

Актуелизирање на една изборна единица и отворени листи во пресрет на локалните избори 2021

September 27, 2020

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Актуелизирање на една изборна единица и отворени листи во пресрет на локалните избори 2021

September 27, 2020 12:29
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на локалните избори наредната година, сè уште остануваат отворени прашањата поврзани со измените во Изборниот законик. Една единица и отворени листи е предлог за кој се дискутира уште од 2016 година и нешто што со доаѓањето на власт уште во тоа време СДСМ отворено го поддржа, но никогаш не се направи измената во начинот на спроведување на изборните процеси во нашата земја.

ЦИВИЛ со години наназад бара Северна Македонија да биде една изборна единица со што ќе се демократизираат изборните процеси, како организација што врши изборен мониторинг од 2008 година. Во неколку наврати низ годините ЦИВИЛ постојано алармираше за потребите од една изборна единица и изборни реформи што конечно ќе обезбедат слободни и демократски изборни процеси без вообичаените изборни нерегуларности што веќе станаа пракса за секои избори.

Уште за локалните избори во 2017 година, декларативно поддршка даде премиерот Зоран Заев, и тогаш и во пресрет на парламентарните избори во меѓупериодот од претседателските па до закажувањето на предвремените парламентарни избори минатата година, прашањето за една изборна единица и отворените листи.

Дури се формираше и Собраниска иницијатива во септември 2019 во кој беа вклучени 12 пратеници од 10 политички партии и еден независен пратеник. По тој повод на 25 септември 2019 ЦИВИЛ организираше голема конференција за изборните реформи на која беа поканети сите политички партии, експерти и претставници на невладниниот сектор како една од првите организации што воопшто ја актуелизираа оваа промена во изборниот модел на нашата држава.

„Дебатата во јавноста е отворена. Нашиот став како СДСМ, но и мојот личен став е дека локалните избори се добра можност за воведување отворени листи за членовите на Советите, процес кој треба да се заокружи со отворени листи и на следните парламентарни избори. Тоа ќе донесе дополнителна вредност на плурализмот, ќе ја унапреди демократијата, ќе овозможи поголема компетитивност на идеи, вредности, политики и кадри. Секако, за да се случи тоа, потребни се измени на Изборниот законик за што е потребен консензус од сите парламентарни партии“, изјави премиерот Зоран Заев, во денешното интервју на Локално.мк, не пропуштајќи да напомене дека СДСМ е првата голема партија која заедно со помалите политички партии ја отвориле оваа тема, но истовремено оставајќи простор за дополнителни анализи, предлози и аргументи за да го изрази конечниот став за ова прашање.

Токму ова оставање на простор низ годините, иако постојано се иницира на бенифициите во интерес пред сè на граѓанките и граѓаните, наспроти желбите и потребите на политичките партии, во интервју за ЦИВИЛ Медиа го објасни д-р Александар Спасов, доцент на теоретски правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“, непосредно пред предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули оваа година.

„Прво треба да се направи отворање на листите. Можеби не целосно, бидејќи тоа, пак, бара висока политичка писменост на гласачите, што кај нас исто отсуствува. Можеби со воведување на преференцијални гласови за да може освен за листа да се гласа и за поединечни кандидати. Постоеја предлози да се намали бројот на изборни единици, што исто така треба да се има предвид. Тоа не значи дека нужно мора да биде една изборна единица. Но, можеби намалување на сегашниот број на изборни единици е важно имајќи предвид дека ние немаме попис од 2002 година. Ние всушност не знаеме колку луѓе живеат по изборни единици, тоа се податоци со кои што оперираме од пред 18 години, а знаеме со миграциите колку се промени демографската структура на нашата држава. Меѓутоа тоа е исто така врзано и со внатре партиско демократизирање“, вели д-р Спасов.

Пандемијата со Ковид-19 ја стави на тест демократијата, не само кај нас туку во целиот свет. Но, за клучните реформи за напредок на демократските процеси потребна е силна политичка волја и соработка.

Или „новата нормалност“, налага прилагоден живот каде здравјето е приоритет, но и институции и власт која ќе знае да се грижи за јавното добро од секој аспект. А како што вели д-р Спасов за тоа се потребни демократски партии, што ќе спроведуваат демократски реформи, во тој контекст и демократски избори.

Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ