Врз основа на позитивното мислење на Националниот совет за културно наследство, на предлог на Министерството за култура, на последната седница на Владата е донесена Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење во поткатегорија – исклучително значење.
Со донесувањето на оваа одлуката се обезбедува трајна заштита на скопскиот Аквадуктот кој е изграден во VI век, а бил целосно реконструиран кон крајот на XV век.