• Latest

Алаѓозовски: Негувањето на меѓуетничките односи нема алтернатива

November 18, 2020

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Алаѓозовски: Негувањето на меѓуетничките односи нема алтернатива

November 18, 2020 15:23
in ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Роберт Алаѓозовски е Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата. Тој е еден од креаторите, а сега и одговорен за спроведување на една од најзначајните стратегии во нашето општество – „Едно општество за сите“. И како поранешен министер за култура, но и како врвен интелектуалец и граѓански активист, со обемно меѓународно искуство, Алаѓозовски е препознатлив по своите прогресивни ставови и проекти за развој на мултикултурното општеството. Тој сега се наоѓа исправен пред тежок предизвик, да ја спроведе стратегијата што во себе ги содржи сите елементи за развој на едно модерно, прогресивно и европско општество во кое се почитуваат различностите како богатство, а не како пречка.

Алаѓозовски говори за ЦИВИЛ МЕДИА за меѓуетничките односи, за стратегијата и за предизвиците. Неговиот вообичаено одмерен вокабулар не ги крие вистинските состојби, но во своите одговори тој ги претставува и решенијата. Иако проблемите во сферата на односите меѓу заедницата се бројни и големи, за Алаѓозовски тие очигледно не се непремостливи.

Иако претпазлив, Алаѓозовски е оптимист. На секое прашање во оваа област му спротивставува решителен одговор. Сепак, очигледно е, според тоа што го дознаваме од Алаѓозовски во ова интервју, дека за успех на Стратегијата „Едно општество за сите“ потребно е вклучување на целото општество и сите институции на локално и национално ниво. Тоа ни оддалеку не е лесно, но предноста се состои во тоа што централната власт има цврста волја да ја спроведе Стратегијата, за разлика оние структури за кои национализмот претставува алатка за освојување и одржување на власта.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во каква состојба се меѓуетничките односи во нашата земја? Има ли македонското општество капацитет да го негува мултикултурализмот и европските вредности?

Алаѓозовски: Би избегнал лесна фраза, особено не лесна, позитивна фраза и не би рекол дека односите се релаксирани, хармонизирани, се наоѓаме во вакви или такви состојби… Факт е дека состојбата со меѓуетничките односи е секогаш фрагилна и просто колку таа и да изгледа здрава, многу малку треба за да пукне. Значи, тоа е всушност една ситуација на стакларница, и затоа треба многу внимателно да се приоѓа на проблемот на меѓуетничките односи.

Но, битно е дека оваа власт не се однесува како слон во стакларница. Многу власти, особено властите од претходно, десно ориентирани, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се на власт, тие се однесуваат со меѓуетничките односи како со слон во стакларница. И од тие причини тие доста пукаат до таа мера што често пати имаше и физичко насилство, имаше многу инциденти…

Сега мислам дека ситуацијата не е таква и дека довербата меѓу заедниците се гради и мислам дека најмногу придонес има тоа што централната власт има правилен однос. Односно, се откажува од национализмот како алатка за било каква цел во технологијата на владеењето.

И тука има, да не употребам излитена фраза искрени намери, туку желба во тоа да се инвестира, а секако дури и да се добие поддршката  на граѓаните, на гласачите на крајот на краиштата, баш преку инвестирањето во добрите меѓуетнички односи, во интеркултурализмот, во развојот на мултикултурата, значи сечии права се признаени и секој може да ги негува правата. Не се користат ограничувања, напротив, оваа власт внимава како се однесува со меѓуетничките односи. Секогаш се испраќаат позитивни пораки и секогаш инсистира на граѓанските и на европските вредности.

Се разбира дека инциденти постојат и тие инциденти се немили. Често, кога ќе се случат, тие веднаш предизвикуваат огромен потрес. Во таа смисла, секогаш се поставува прашањето до каде сме и вреди ли, односно контра аргументите би биле дека сѐ е тоа фасада. Мислам дека тоа е лош пристап и дека единствен добар пристап кон меѓуетничките односи е тие постојано да се негуваат и грижата од сите актери да биде добра. Само на тој начин тие можат да се унапредуваат. Оваа власт и сега, а и додека беше во опозиција, инвестира во меѓуетнички односи, дури и по цена на својот сопствен рејтинг.

Како што реков, далеку сме од идеални, за тоа треба простор, треба децениски консензус, но битно е дека работите се многу подобри од она што беа.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во кои области е најважно да се инвестира време, средства и човечки ресурси за да се спроведе стратегијата „Едно општество за сите“, една стратегија, би рекол, искована на улиците на Скопје и другите градови во Северна Македонија, кога траеше и Шарената револуција и на многу протести и движења претходно. „Едно општество за сите“ е еден концепт кој произлезе од потребата на граѓанките и граѓаните да ги надминат етничките граници. Значи, кои актери, со какви ресурси, какви средства би требало да се вложат во градењето на овој концепт и во градењето на оваа стратегија?

Алаѓозовски: Во самата стратегија, односно во акцискиот план, односно во чекорите како да се дојде до подобри односи, ние идентификувавме седум клучни области во кои треба да се интервенира. Тоа не значи дека не треба да се интервенира во сите сфери на општественото живеење. Но, еве во овие седум зацртавме ургентна потреба. Многу е битно да се работи на правната рамка, на правниот амбиент, а тоа ги вклучува и институциите на системот. Значи, сите инструменти на правната држава, коишто се создадени да ги подобруваат и хармонизираат меѓуетничките односи и воопшто да ја спроведуваат и идејата за мултикултурализам и за интеркултурализам треба да заживее.

Такви инструменти постојат, на пример, Комитетот за односи меѓу заедниците при Собрание. Тоа се исто Комисиите за односи меѓу заедниците при локалните самоуправи, тука е канцеларијата на Омбудсманот и редица други институции, како Агенцијата за правата на заедниците, Управата за правата, културата и образованието на помалите заедници. Секако тука е и законската рамка, голем број на конвенции, законски решенија коишто државата ги потпишала и коишто треба да ги имплементира. Значи, заживувањето на институциите и почитувањето  на законската регулатива, тврдото и мекото право, се особено битни за да го подобриме амбиентот. На пример, нели ние сме потписници на Истанбулската декларација, а имаме семејно насилство и слични состојби. Тоа е клучно.

Друга клучна сфера е образованието. Во образованието всушност е клучот, односно како ќе ги воспитуваме следните генерации. Националистичките наративи и тенденции коваат учебници кои ја промовираат исклучивоста, моноклутурноста, моноприпадноста, со потценување гледаат на другите, а самите учебници се полни со стереотипи и предрасуди.

Една од клучните работи е да ги ревидираме и да ги подобриме учебниците и да инвестираме во обука на професорите на наставниците, на оние што треба да ги подучуваат децата. Ако тие се полни со предрасуди, ако ти се полни со предрасуди и следат еден исклучиво националистички наратив, таа своја свест ќе ја трансформираат во практиката на подучување и на предавање. Образованието во сите сегменти е многу битно. И тука, од една страна мора да ги подучиме самите кадри на интеркултуралните вредности, а од друга страна треба да се направат серија активности коишто ќе ги вклучат и родителите и учениците со цел да се донесат заедно учениците од различни етнички заедници.

Мултилингвализмот, познавањето на другиот, почитувањето на другиот, запознавањето во вистинска смисла со другите култури, негувањето на тие заеднички вредности, образованието тоа мора да го среди.

Медиумите, се исто така, многу битни. Затоа што говорот на омраза, стереотипите, лажните вести, сензационалистичкиот пристап кон градењето на меѓуетничките содржини се многу битни. Гледате оној инцидент што се случи, ајде да речеме на неутрален терен, не во Македонија, туку во Виена, во срцето на Европа, со сензационалистичкиот пристап дека еден од бил со македонско потекло, па потоа побрзаа да кажат дека тој е Албанец, па еве читам на Фејсбук дека Македонците не го правеле тоа… Значи, повторно се операционализира еден јазик на исклучивост и на стигматизација, а всушност вистината е сосема поинаква. Еден човек може да направи многу штета, а дека несреќата ги опфаќа луѓето од иста нација, меѓу жртвите, меѓутоа и меѓу борците против екстремизмот, исто така имаше Албанци.

Сакам да кажам дека начинот на којшто медиумите известуваат е многу битен. Од тие причини нам ни треба едукација и подобрување на медиумската писменост од аспект на интеркултурализам и намалување на говорот на омраза и предрасудите. Подобро екипирање на редакциите, на помалите и на другите заедници, но исто така и активна соработка меѓу нив, за да не се случи српската редакција да известува на еден начин за нешто што се случило, не знам, во Призрен, а албанската редакција на друг или турската на трет начин. Секако, битни се посебните погледи, но принципите на добро известување треба да се присутни. Тука треба да се зајакнат и сите ставови од етичкиот кодекс што се однесуваат на меѓуетничките односи.

Младите, културата, секако, локалната самоуправа, она што го викаме нормален регионален развој, тој исто е многу поврзан со исклучивоста. Како се распределуваат средствата, дали одредени општини, предградија, центарот или периферијата, се развиваат и дали добиваат шанси за развој? Сето тоа може да биде плод на погрешни интерпретации, но од друга страна може да укаже и на неправилности во системот и привилегираност на едни во однос на други. Тоа секогаш ги потхранува и стереотипите и омразата.

Овие се некои од клучните области во кои што мора да се дејствува. И, пак, велам, постојат министерства, институции коишто ги задолживме да работат на подобрување на односите меѓу заедниците.

ЦИВИЛ МЕДИА: Колку е одржлива стратегијата едно општество за сите, дали очекувате од друга партија, како на пример ВМРО- ДПМНЕ да ја поддржи или да ја спроведе оваа стратегија и во случај ако некогаш дојде на власт. Дали, можеби, ова сега вие што го правите во Владата и ние што го правиме во граѓанското општество, е уште една борба со ветерни мелници, нешто што можеби ќе трае или ќе се развива до некоја точка за време на мандатот на оваа Влада, но ако се сменат условите и распоредот на моќта, тогаш што станува со оваа стратегија „Едно општество за сите“?

Алаѓозевски: Самиот концепт „Едно општество за сите“ е само алатка како да се подобри состојбата и да се надминат поделеноста и исклучивоста во нашето општество. Тоа се процеси и состојби кои што кои се констатирани од низа на наши домашни и меѓународни експерти и институции. Клучните документи при Совет на Европа и ЕУ при високиот Комесеријат за бегалци, при ОН, сите тие имаа еден заклучок дека Македонија е поделено општество и дека меѓу другото етничката поделеност наспротив сите други е една од најчестите, и најчеста причина за дискриминација, стереотипи и недоверба па и насилство помеѓу граѓаните.

Постојат низа анализи кои беа направени во 2015, во 2012, имаме обврски од Конвенцијата за меѓукултурен дијалог од 2005 кои долги години не биле адресирани. Дури се носеле и стратегии, имаме прекрасни стратегии донесени од претходната влада во 2015, 2016 итн., меѓутоа тие не беа донесени/усвоени и дремат во фиоките на соодветните институции. Од тие причини, и извештајот на Прибе и извештајот на Европската унија од 2017 тие ги посочуваа малите прогреси кои се направени.

Во оваа Влада, затоа што верува во овој концепт, меѓутоа и сакајќи да одговори на тие меѓународни обврски и констатирани состојби, решивме да ја направиме стратегијата и да го креираме концептот на едно општество за да ја подобриме ситуацијата. Секоја Влада, па и владата на ВМРО-ДПМНЕ е обврзана да ги подобрува.

Овој концепт треба да биде поддржан од сите, треба да е општествен и државен процес. Ние го издигнавме на ниво на висок владин приоритет и тоа беше препознаено од меѓународната заедница. Не случајно и ЕУ амбасадорот Самуил Жбогар и високиот комесар Зание ни дадоа поддршка. Значи, тоа е висока афирмација на нашиот напор и тоа не е партиска политика. Сакам да кажам дека тој е обврзувачки и ќе биде обврзувачки и за другата партија, ако евентуално ја освои власта, затоа што е добра алатка како да се подобрат односите. Во нивно време малку се работело заради тоа што се немало политичка волја и затоа што тие терале еден наратив што е негативно оценет или неприфатлив во современите политички процеси, домашни, но особено меѓународни.

Веруваме дека по овие три години, ние оваа стратегија ја викаме – пилот стратегија, првпат правиме стратегија за да ги поместиме работите. Јас очекувам час поскоро да почнеме да размислуваме и за следната стратегија и што ќе се случува по периодот од 2022 до кога трае всушност оваа тригодишна стратегија. Што по овие три години, врз база на сознанието сега и понатаму.

Верувам дека кога во политиката ќе создадете нешто добро тоа треба да се негува и да се одржува. Да го земеме примерот на Канада, тие го смислиле моделот во далечните седумдесетти, за мултикултурализмот, значи 50 години тие се уште веруваат и инвестираат и се светски лидери во промовирање на мултикултурализмот и интеркултурализмот и затоа владата на Трудо е најпрогресивната влада во светот од тој поглед. Јас верувам дека Македонија треба во наредните најмалку, континуирано да води политика, 40-50 години, и ние да бидеме препознаени како земја која е врв на добрите етнички односи и на крајот на краиштата, таа придобивка ќе ја создаде и благосостојбата. Ние сме кревки, но сепак успеавме многу да постигнеме на тој план и во таа смисла можеме да кажеме дека предрасудите во некои други земји или општества лесно проаѓаат, кај нас не проаѓаат така лесно.

Треба на целата приказна  и целиот овој концепт да погледнеме и од аспект на тоа дека веќе имаме придобивки, но како што реков, тие се кршливи и може преку ноќ да се направи голема штета или спиралата на злото да почне да се тркала обратно, е тоа е она што е лошо.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали беше добар потег да се формира министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова го прашувам затоа што ме интересира дали сте оптимист за функционирањето на овој ресор во согласност со принципите на концептот „Едно општество за сите“?

Алаѓозовски: Министерството беше плод на политичката волја на владејачката коалиција, иницијативата дојде од Собранието. Лично би кажал дека дојде малку избрзано, но бидејќи е политичка волја на мнозинството сега тоа министерство е реалност и ние треба да се соочиме со тоа. Во таа смисла кон министерство за политички систем и односи меѓу заедниците потпаднаа и двете управи за образование и културата на помалите заедници, а кон него гравитира и Агенцијата за правата на помалите заедници. Критиките на јавноста се знаат, дека министерството делува гломазно, прашање е како ќе се одвива понатаму и реструктуирањето и систематизацијата, значи самото министерство е голем предизвик, но многу е битно механизмите внатре, што треба да помогнат за подобрување на односите меѓу заедниците како што гласи вториот дел од називот на министерството, дека тоа е всушност шанса која треба да се искористи.

Ние, во рамки на стратегијата рековме дека и двете управи мора да го подобрат својот капацитет, бидејќи тоа се едни од институциите кои се, на некој начин, заспани. Не се доволно развиени, без ресурси, човечки, инфраструктурни, буџетски, финансиски и дел од стратегијата е тие две Управи да станат пофункционални и поорганизирани за да ја вршат нивната функција. Ние очекуваме тоа да се случи без разлика дали ќе бидат органи во состав на ова министерство или ќе бидат во рамки на, други министерства, како што беше порано, за образование и наука. Значи, битно е институциите да се функционални.

Со актуелниот министер и прв заменик ние имаме добри односи, јас веруваме дека и тој ќе биде поддржувач во рамки на успехот на стратегијата и дека ќе ги надмине предизвиците со кое е исправено, пред сé, самото министерство, а потоа да ни помагаат и во насока на доброто спроведување на стратегијата. Затоа, впрочем, стратегијата го има предзнакот национална, таа е обврска за цела влада, за сите министерства.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои други сектори, освен оние што ѝ припаѓаат на управата, било да е тоа, локална или централна, на национално ниво  очекувате да се приклучат во градењето на мултикултурализмот, во јакнењето и спроведувањето на стратегијата, се разбира збогатувањето со содржини  и нови перспективи во нејзини рамки. Кој се може да помогне ова општество да биде за сите?

Алаѓозовски: Кога сакате да менувате одредени состојби во едно општество, сите треба да се вклучат и тоа е онаа политика, опишана во англискиот збор како mainstreaming.  Значи ставање на одредено прашање во фокусот на сите, во централен фокус на работа на сите институции.

Ако мене лично ме прашувате, онака како што во последно време, што е фантастична работа, родовата еднаквост ја ставаме на централно место и кон тоа имаат обврски и Собранието и министерствата и партиите, па и во целокупниот економски живот, така би требало и различноста, мултикултурноста, диверзитетот и доброто менаџирање на мултикултурноста и различноста да го прават сите субјекти.

Значи, просто не смее да има институција или државен орган во кој што различноста и програмите кои што се грижат за различноста да не бидат во функција, онака како што тоа се однесува и за родовата еднаквост. Се разбира, и самите граѓански здруженија и невладини организации се заинтересирани за тоа. Од тие причини ние имавме преку 140 невладини организации кои што се јавија на нашиот повик за изготвување на стратегијата. Тие се заинтересирани и да се вклучат во нивна имплементација.

Затоа, Министерството за култура, Министерството за образование, Агенцијата за млади и спорт, Македонската радио телевизија, значи сите треба да се вклучат во создавање можности да граѓанските организации, здруженијата на граѓани да реализираат проектни активности од овој тип. А би рекол дека е многу битно и повторно велам има расположение и од амбасадите и од странските фондации, од домашни фондации и тие сите сакаат да го поддржат овој процес затоа што ја сфаќаат неговата важност.

Пак велам, буквално тоа треба да стане обврска на сите.

ЦИВИЛ МЕДИА: Вие имате една позиција во структурата на Владата, која има прилично долго име, но и многу содржина, а тоа е Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка. Низ интервјуто дознавме разни поставености во поглед на темата на која разговараме денеска и се чувствува, може да се каже, еден оптимизам за тоа дека сево ова треба да се стави во фокусот на сите, вклучително и институциите, и медиумите, и невладините организации. За крај,  што ќе им препорачате на различните засегнати страни во општеството? Која е пораката што националниот координатор ќе им ја упати до креаторите на политики и практики, меѓутоа и до медиумите, граѓанското општество, институциите, политичките партии (нека се тоа и десничарски, националистички партии), академијата, како и други чинители. Имаме ли една универзална порака или пак треба посебно да им се обратиме на сите?

Алаѓозовски: Пораката е универзална. Негувањето на добри меѓуетнички односи нема алтернатива. Тоа е иднината на ова општество и тоа е иднината на глобализираниот свет. Просто, различноста, многуетничоста, мешањето не луѓето, од секогаш постоело, тоа е особено плод на 20 век, на 21 век и на глобализацијата. Не се исплаќа инвестирање во национализам и моноетничост. Тоа ја отвора пандорината кутија и ја отвора спиралата на злото, а таа нема крај.

Џабир Дерала
камера: Игор Чадиноски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Ариан Мехмети, Игор Чадиноски
транскрипт и обработка: Биљана Јордановска, Дехран Муратов, Наташа Цветковска, Симона М. Живкова

 


Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.


Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, не секогаш ги одразуваат оние на донаторите на ЦИВИЛ. Ставовите изнесени во изјавите, интервјуата, анализите и колумните, се одговорност исклучиво на Автор(к)ите.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ