• Latest

Алаѓозовски се сретна со претставници на ромската заедница: Сите граѓани да учествуваат во Пописот, да добиеме бројки кои ќе ни помогнат да го подобриме животот на граѓаните, особено на најранливите категории

February 17, 2021

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Алаѓозовски се сретна со претставници на ромската заедница: Сите граѓани да учествуваат во Пописот, да добиеме бројки кои ќе ни помогнат да го подобриме животот на граѓаните, особено на најранливите категории

February 17, 2021 17:07
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, денеска со претставници на ромската заедница вклучени во институциите од локалната и централната власт, како и членови на граѓански организации разговараа за повеќе актуелни теми, меѓу кои и за значењето на спроведувањето на успешен Попис 2021, во насока на заложбите на Владата за остварување на  Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот 2020-2022 година и Акцискиот план.

Посочувајќи дека претстојниот Попис е многу важна операција за добивање статистички податоци за лоцирање на потребите од преземање мерки во поглед на подобрување на животниот стандард на најмаргинализираните категории граѓани упати порака за потребата од широка поддршка од сите заедници на овој методолошки  процес.

На состанокот, на кој присуствуваше и Јасмина Ѓоргиева, координатор на Секторот за дисеминација и односи со јавноста во Државниот завод за статистика беа разменети информации за важноста на Пописот како статистичка сложена операција, која ќе даде одговор за бројноста на населението, семејствата и живеалиштата, со цел преземање на соодветни политики за создавање еднакви животни услови за сите категории граѓани.

Присутните посебно се осврнаа на прашањата за начинот на кој ќе бидат попишувани лицата кои немаат документи за идентификација и бездомните лица при што беше нагласено дека овие лица ќе бидат попишани во соработка со Министерството за труд и социјална политика, односно со центрите за социјална работа, за нив пописот ќе биде од 1-15 март.

Беше посочено дека при попишувањето најстрого ќе се почитува здравствен Протокол за заштита на сите учесници во Пописот, што подразбира носење маски, одржување дистанца и обезбедување на средства за дезинфекција.

Учесниците на состанокот, се согласија дека спроведувањето на успешен Попис е важен сегмент и едногласно упатија порака дека е многу важно секој граѓанин да учествува и да се попише и само така ќе се добијат податоците за демографската, образовната, социјалната структура, што понатаму значи добивање на бројки, кои подоцна ќе помогнат за планирање и економски развој, како и добивање на слика за тоа каде се најранливите категории на населението.

Координаторката Ѓоргиева одговараше на прашања поврзани со спроведувањето на Пописот, конкретно при попишувањето на можноста за користење на седум јазици предвидени во Уставот на Северна Македонија, односно македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански, со детали за техниката на попишувањето.

Присутните изразија задоволство во поглед на констатацијата дека Пописот е статистичка обемна операција, организирана според светски стандарди, која гарантира безбедност на сите лични податоци.

На состанокот, беше констатирано дека Пописот, особено е важен за припадниците на ромската заедница, заради потребата, по 18 години, да се обезбедат статистички податоци во насока на целосно имплементирање на заложбата на Владата за „Едно општество, еднакво за сите“.

Средбата беше искористена и заеднички да се испрати порака до сите граѓани за лично учество во претстојниот Попис при што беше посочено дека Државниот завод за статистика има капацитет да ја спроведе оваа обемна и многу потребна статистичка операција.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ