Илјадници граѓанки и граѓани му оддадоа последна почит на Исмаил Кадаре на државниот погреб што се одржа во Тирана денеска, со едноминутно молчење на национално ниво во спомен на светски познатиот албански писател, кој почина вчера во утринските часови.
Ковчегот на Кадаре, опкружен со офицери на Националната гарда, лежеше во влезниот хол на Театарот на опера и балет на централниот плоштад Скендербег во главниот град додека неговите песни беа рецитирани во позадина.
Додека неговиот ковчег ја напушташе салата, толпата надвор на плоштадот Скендербег ракоплескаше и фрлаше цвеќиња.
Во Албанија е прогласена дводневна жалост е прогласена во Албанија, каде знамињата се спуштија на половина копје ширум земјата. И во Косово, денеска беше прогласен ден на жалост..
Исмаил Кадаре секогаш ќе остане запаметен како промотор на националната гордост, како никој друг“, изјави косовскиот претседател Бајрам Бегај.
„Кадаре живееше како сведок на зборот за кој ги доби сите можни пофалби и почести на светот и сите можни презири и злоупотреби на земјата што го роди. Не ја доби Нобеловата награда, но остана единствениот кандидат за кој има досие со анонимни писма од неговите сонародници. Дојде, пишуваше, и си замина.“, рече албанскиот премиер Еди Рама меѓу другото во својот проштален говор.
Кадаре беше погребан во приватна служба на која присуствуваа членовите на неговото семејство по погребната церемонија.
Д. Тахири