• Latest

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025 14:00
in АКЦЕНТ, ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од трите доминантни наративи на албанскиот блок во пресрет на локалните избори се ЕУ интеграциите. Како што се вели во анализата на Дијана Тахири „Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам“, се и прашањата за јазичните и институционалните права кои се користат за мобилизација на гласачкото тело.

ДУИ редовно ја користи рамката „чувар на мултиетничноста“ и реагира на инциденти и институционални празнини; овој наратив ѝ носи видливост кај нејзиното јадро (стабилно членство), особено кога државните реакции се перципираат како бавни или млаки. Во меѓувреме, расправите околу примената/преиспитувањето на Законот за употреба на јазиците и повремени етнички тензии, го држат прашањето високо на агендата и за власта и за опозиција во албанскиот политички блок.

Клучен ефект за кампањата: темите околу јазикот, застапеноста и реакцијата на институциите ќе бидат „турбо-наратив“ пред локалните избори, каде што локалните администрации директно се мерат по услуги и инклузија.

Изгубената битка за балансерот: Еден од најконтроверзните чекори на новата влада на Христијан Мицкоски, со поддршка од коалицискиот партнер ВЛЕН, беше укинувањето на таканаречениот „балансер“ – административна алатка што ја гарантираше правичната застапеност при вработување во јавниот сектор според етничка припадност. Балансерот беше воведен како директна институционална имплементација на Охридскиот рамковен договор, со цел да се надмине историската нерамнотежа во застапеноста на етничките заедници, особено на помалите.

Иако во изминатите години оваа алатка беше често злоупотребувана – со фиктивни податоци, манипулации во конкурси и клиентелизам – таа сепак остануваше симбол и практичен механизам за етничка рамноправност. Оттаму, одлуката за укинување се перципира како удар врз еден од клучните столбови на Охридскиот договор.

Реакциите во албанската јавност беа остри. Многумина го обвинија ВЛЕН за политичка неспособност и отстапување од ветувањата дека ќе ги заштитат правата на Албанците, додека кон ДУИ се упатени критики дека и во нивниот долгогодишен мандат не успеале да го реформираат балансерот и да ја спречат неговата злоупотреба.

Ова прашање не е само административно, туку и суштински тест за тоа дали постои политичка волја да се задржат и подобрат постоечките механизми на мултиетничка рамнотежа.


Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ