Претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, препорача другите земји да учат од искуството на Италија со Албанија. По самитот на ЕУ во средината на октомври, таа изјави: „Идејата за развој на центри за враќање надвор од Европската унија не е тривијална, но за неа треба да се дискутира“.
ЕУ сака да го ограничи бројот на баратели на азил. Зголемен е политичкиот притисок врз владите на овие земји да ги отстранат мигрантите кои немаат право на азил. Досега, според Фон дер Лајен, само една петтина од нив се вратиле. Додека со кампови како оној во Албанија, ЕУ може барем делумно да ги префрли своите проблеми во земји надвор од територијата на ЕУ. Комисијата планира да предложи нов закон за ова прашање следниот месец, пишува ДВ на албански јазик.
Комесарот за внатрешни работи на ЕУ, Магнус Брунер, зборуваше за центрите за враќање како модел. Тој го разбира концептот „само како модел за луѓето на кои им е одбиен азил и мора да ја напуштат земјата“.
Одбиените баратели на азил можат да бидат сместени во такви центри за депортација надвор од границите на ЕУ. Оние кои сами ќе добијат азил можат да влезат во Италија, додека одбиените баратели на азил ќе бидат депортирани од Албанија во нивната земја на потекло или во безбедна трета земја. Други земји исто така го разгледуваат овој концепт. Десничарската холандска влада размислува за формирање центар за репатријација во Уганда.
Олаф Шолц не го гледа овој модел како добро решение за ова прашање.
„Јасно е дека концептите кои претставуваат многу мали опаѓања кога ќе ги погледнете вкупните бројки не се најдоброто решение за земја голема како Германија“, посочува тој.
Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер вели: „Прво, таквиот партнер е најтешкиот фактор. Најголем предизвик е да се најдат безбедни трети земји“.
Премиерот на Албанија Еди Рама во однос на камповите во неговата земја јасно стави до знаење дека договорот важи само за Италија. „Ние споделуваме безусловна љубов со Италија. Решивме да го направиме ова од чувство на одговорност како соседи, како Европејци, со цел да го копираме италијанскиот модел, другите влади на ЕУ ќе мора да најдат други безбедни трети земји“, рече тој.
Процесот започнат во Луксембург ќе покаже дали ова е соодветен модел или не.
Д. Т.