Од Алијанса за Албанците на Села обвинуваат за непотизам во рамки на Министерството за социјална политика, демографија и млади каде министер е Фатмир Лимани а неговиот брат е вработен како директор во Центарот за труд и социјална политика во Кичево, од Алијанса велат дека непотизмот и конфликтот на интереси се повеќе стануваат синоним за нелегитимната коалиција ВРЕДИ и нејзините функционери.
Братот на Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади, Дашмир Лимани, продолжува да биде директор на Центарот за труд и социјална политика во Кичево. Оваа ситуација претставува конфликт на интереси и е отворено кршење на законот, тврдат од АА.
– Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата како и Јавното обвинителство да ја испитаат и разрешат оваа состојба бидејќи министерот Лимани не постапувал речиси три месеци од преземањето на функцијата, а двајцата браќа продолжуваат да ги извршуваат двете функции.
Покрај флагрантното прекршување на законот, ова ја докажува и дволичноста на албанските партии кои влегоа во Владата без легитимитет и нивните лажни ветувања за правично и транспарентно владеење, како и ги потврдува нашите предупредувања дека нивниот влез во Владата е само за тесни партиски, семејни и лични интереси, велат од Алијанса за Албанците на Зијадин Села.
А.М.