• Latest

Алијансата за Албанците го објави кандидатот за општина Сарај, дуел меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, информација за објавите на ФБ страниците на независните

September 7, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Алијансата за Албанците го објави кандидатот за општина Сарај, дуел меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, информација за објавите на ФБ страниците на независните

September 7, 2021 17:09
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Предизборните политички кампањи со препукувања, обвинувања и претставување на кандидатите продолжува и денеска. Во рамките на својот долгорочен изборен мониторинг, ЦИВИЛ и Редакцијата при медиумската платформа, редовно ги бележат настаните на различните учесници во изборната трка. Организацијата неодамна ги повика политичките партии и независните кандидати редовно да ја известуваат организацијата и нејзината медиумска платформа за своите активности. Дел од учесниците во изборната трка сè уште не одговорија на повикот.

Во денешниот преглед на изборните активности на политичките партии и независните кандидати на локалните избори имаме информации за едно претставување на кандидат на АА-А, дуелот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и информација за објавите на независните „Шанса за Центар“ и „Зелен хуман град“ на нивните Фејсбук профили.

ПРЕТСТАВУВАЊА

Алијансата за Албанците и Aлтернативa во Општина Сарај ќе настапат со кандидатот за градоначалник, Kерим Мамути.

ДУЕЛИ

СДСМ соопшти дека во изминатите четири години изградиле и реновирале 60 детски градинки во урбаните, но и во руралните средини, наспроти владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кое постави 60 споменици.

„Наспроти тоа ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето режимско владеење ги остави предучилишните установи на заборав на времето. Парите на граѓаните ги вложуваше во непродуктивни работи, во скулптури и споменици, кои заедно со Белата палата, седиштето на опозицијата во стечај, стојат како паметник на безумното владеење и безочното трошење на народните пари“, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ одговори дека СДСМ се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи, а тие не успеаја на време ниту да ги довршат, ниту пак да ги отворат.

„СДСМ и Зоран Заев ништо не изградија за доброто на граѓаните. СДСМ и Зоран Заев единствено го унапредија криминалот и корупцијата. Граѓаните многу добро знаат дека во време на пандемијата КОВИД владата не успеа да го организира процесот на работа во градинките за да се опфатат што поголем број на деца, а мајките губат работа или самите даваат отказ за да ги чуваат своите деца“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Актуелниот градоначалник, и кандидат за уште еден мандат на Град Скопје, Петре Шилегов ги демантираше обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека бесправно гради.

„Секогаш кога немаат со што да се спротивстават на политиките кои што ги креира Шилегов како пратеник, портпарол или како градоначалник на Град Скопје влегуваат во бескрупулозни лаги и црна кампања со цел да ме компромитираат мене и моето семејство. Дозволете да искажам благодарност и извинување до моето семејство што успеваме сите заедно сплотени да ја трпиме оваа црна кампања за која сум свесен дека нема да престане, без оглед на фактите“, изјави, меѓу другото, Шилегов.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Шилегов лаже, тој нема дозвола за надградба, Општина Карпош треба да ја руши зградата.

„Се што покажа Петре Шилегов вчера е дозвола за реконструкција, а тоа е дозвола со која се дозволува ставање на нова фасада или изведување на градежни работи кои нема да го променат габаритот на зградата. За разлика од реконструкција, Шилегов направи надградба на уште два ката, нешто за што нема дозвола“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИНФОРМАЦИИ ОД И ЗА НЕЗАВИСНИТЕ

Независните кандидати спорадично објавуваат информации на нивните Фејсбук страници. Коалицијата „Зелен хуман град“ најчесто објавува информации на својата Фејсбук страница од 19 август.

„Шанса за Центар“ споделува линкови од интернет портали кои ги придружува со кратки моментари или линкови до нивните веб страници со информации за кандидатите.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ