• Latest
Амб. на Украина, Лариса Дир, почесниот конзул на Украина, Сашо Наумоски (фото: ЦИВИЛ Медиа)

Амбасадорката Дир до почесниот конзул: Ја претставувате Украина, која на бојното поле ги штити животите на своите граѓани, својата сувереност и европските вредности

February 17, 2023
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

August 25, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Амбасадорката Дир до почесниот конзул: Ја претставувате Украина, која на бојното поле ги штити животите на своите граѓани, својата сувереност и европските вредности

February 17, 2023 16:45
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Амб. на Украина, Лариса Дир, почесниот конзул на Украина, Сашо Наумоски (фото: ЦИВИЛ Медиа)

Амб. на Украина, Лариса Дир, почесниот конзул на Украина, Сашо Наумоски (фото: ЦИВИЛ Медиа)

Share on FacebookShare on Twitter

По повод отворањето на почесниот конзулат на Украина во Прилеп, Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Н. Е. Лариса Дир, во својот поздравен говор го претстави  Сашо Наумоски, кому му беше доделена честа да биде именуван за Почесен Конзул на Украина во Прилеп.

Како што истакна Дир, особена чест претставува тоа што токму таков човек ќе ја посвети својата енергија и знаење на извршување на функциите на Почесниот Конзул на Украина, имајќи го предвид фактот дека од моментот на инвазијата од големи размери на рф во Украина, г-дин Сашо уште од првите денови ѝ помага на Украина.

Дир посочи дека за време на војната на русија против Украина, заштитата на интересите на Украина, граѓаните на Украина и нејзините правни лица во земјата домаќин во границите дозволени со меѓународното право не е лесна задача.

Вие ќе го претставувате украинскиот народ, кој веќе триста педесет и деветти ден се бори за своето право на живот, територијална независност и правото да остане суверена држава во нејзините меѓународно признати граници, нагласи Дир.

Секој Ваш чекор ќе биде вреден за војниците кои речиси секоја минута ги одбиваат нападите на руските војници, зомбирани од господарите на кремљ и нивните пропагандисти, додаде амбасадорката.

Дир во обраќањето посочи дека секоја помош ќе им го олесни животот на Украинците кои херојски научија да живеат со воздушни аларми, недостаток на струја, вода и греење, поради уништувањето на критичната цивилна инфраструктура на Украина од страна на руски крстосувачки ракети и ирански дронови.

Вие ќе ја претставувате Украина, која на бојното поле ги штити животите на своите граѓани, својата суверена територија и европските вредности во целост; Украина, на која ѝ помага целиот прогресивен демократски свет, кажа амбасадорката во говорот.

Според неа, сега се отвораат нови опции за одбрана. Украина очекува испорака со проектили со долг дострел, тенкови и борбени авиони од партнерите.

Посочи и дека моралот и храброста на Украинците мора да се зајакнат и на овој начин, доколку руските непријателски сили не најдат здрав разум да ја повлечат руската армија од привремено окупираните територии на Украина, да ги вратат сите воени заробеници и депортирани Украинци, вклучително и нелегално посвоените украински деца.

Дир запраша дали злото може да се неутрализира? – прашање – за сега работи оружјето, а потоа – Специјалниот трибунал за руските злосторници и нивните следбеници и употребата на механизам за компензација за колосалната штета предизвикана од воените злосторства на руската федерација на територијата на Украина.

Ова е фронт, нагласи таа, има уште еден фронт – информативен, спортски, културен.

Дир ги посочи пропагаторите на кремљ, ботовите, кои склучувајќи договори со ѓаволот, продолжуваат да ја прилагодуваат историјата под својата империјална амбиција да освојуваат територии на туѓи држави и да убиваат луѓе.

Се употребува сè – невистини, искривување на фактите, негирање на очигледниот геноцид на Украинците, и сè е изразено со таква жестока хипертрофирана омраза што е тешко да се замисли дека пред тебе стои човек со здрав ум и разум.

Таа упати апел дека бранејќи го спортскиот фронт, не смееме да ги искривуваме олимписките принципи со можноста за учество на државата-терорист русија на Олимписките игри.

Го истакна и фактот дека за време на годината на војната на рф против Украина, загинаа 228 украински спортисти и тренери. Жртвите не може да се покријат со бело знаме – нивната крв ќе го натопи знамето. руската федерација нема право на олимписки дух се додека нивната суштина е исполнета со жед за убиство и дух на омраза.

Истата судбина треба да ја доживеат и руските натпревари за песна. Не смее да им се дозволи на напаѓачите со пеење да ја покријат тортурата и суровите убиства на мирните граѓани во Украина, вели Дир.

Упати благодарност на сите што им се спротивставуваат на манифестациите на отворената и прикриената руска интервенција.

Дир истакна дека Северна Македонија од почетокот на војната е заедно со Украина. Хуманитарната, воената и финансиската помош од Северна Македонија е сето тоа што помага да се запре рускиот терор и да се доближи мирот.

Токму затоа, господине Сашо, Вашата работа и извршување на функциите на Почесен конзул на Украина во Република Северна Македонија се толку важни, истакна Дир. Ние заедно ќе ги надминуваме манипулациите на кремљ и ќе шириме вистинити информации.

Исто така, амбасадорката информираше дека на македонски јазик е преведен и Указот на Претседателот на Украина за Почесни Конзули на Украина, кој заедно со Виенската конвенција за конзуларни односи ја сочинуваат правната основа за вршење на конзуларните функции од страна на Почесниот Конзул.

Указот, инаку, „слави“ годишнина. Тој беше потпишан од страна на Претседателот на Украина на 17 февруари; не го усогласувавме специјално отворањето на Почесниот Конзулат за овој датум…така испадна. Ќе го сметам за симболично добар знак.

На крајот од обраќањето, Дир посака добро функционирање на Почесниот Конзулат на Украина во Прилеп за заштита на Украина и развој на украинско-македонските пријателски односи.

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: амбасадорка на Украинаобраќањепочесен конзулат на УкраинаПрилепруска агресија врз Украина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ