Амбасадата на Украина во Скопје заедно со Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ одржаа настан посветен на почитување на споменот на жртвите на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина.
Настанот започна со едноминутно молчење. Пред учесниците на настанот се обрати Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир, која истакна дека „Гладоморот беше намерен чин на геноцид врз Украинците, извршен од тоталитарната советска влада со цел да се потисне украинското национално-ослободително движење и желбата на Украинците за слобода“.
На 25 ноември го почитуваме споменот на жртвите на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина – геноцидот извршен од советскиот тоталитарен режим врз украинскиот народ.
Се сеќаваме. Се бориме.#Holodomor90 pic.twitter.com/4YYlS7XQmo— Larysa Dir (@dir_larysa) November 25, 2023
„Државата-терорист рф продолжува со намерното и насочено убивање на Украинците, без да ја менува својата цел – уништување на Украина и на украинскиот народ. Ј.Сталин и неговото опкружување извршија геноцид врз Украинците во 1932-1933 година“ – е еден од заклучоците на американската Комисија за Гладоморот во Украина (создадена во 1984 година во САД). Формирањето на заклучоците на Комисијата е дел од титаничната работа на Џејмс Мејс, кој ја предводел оваа Комисија. Токму нему сме му должни, и како американски историчар кој проучувал документи поврзани со Гладоморот во Украина, собирал сведоштва на луѓе кои го преживеале овој геноцид и како личност која предложила да се одбележува Ден на национално сеќавање на жртвите на Гладоморот, како и за палењето на Свеќата на Сеќавање на прозорците“, наведува амбасадата во својата објава на Фејсбук.
Беше претставена тематска изложба на фотографии „Украина памети – светот препознава!“; документарни филмови за Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, вклучувајќи ги и „Видео историја: Зошто Гладоморот стана возможен“ и „Гладомор: благодарение на кого Украинците палат свеќа на прозорецот“.
Познатата украинска и македонска писателка Вера Чорниј-Мешкова ја претстави својата книга – македонски превод на романот „Жолтиот кнез“ од Васил Барка, посветен на националната трагедија на Украина – Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, кој ги одзема животите на милиони луѓе и ги запозна присутните со предусловите за пишувањето на авторот на неговиот роман.












