Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на својата сметка на Х објави дека според последниот извештај на Набљудувачката мисија на ОН,септември стана најсмртоносен месец за украинските цивили во 2024г.:најмалку 208 цивили загинаа(46% од нив беа постари од 60г.;меѓу кои 9 деца),1.220-повредени. Руските злосторства против украинските воени и цивилни заробеници бараат посебно внимание.
Според последниот извештај на Набљудувачката мисија на ОН,септември стана најсмртоносен месец за🇺🇦цивили во 2024г.:најмалку 208 цивили загинаа(46% од нив беа постари од 60г.;меѓу кои 9 деца),1.220-повредени.
🇷🇺злосторства против🇺🇦воени и цивилни заробеници бараат посебно внимание pic.twitter.com/ZDR140cKkL— Larysa Dir (@dir_larysa) October 21, 2024
Само во послесните 24 часа, како резултат на руските напади врз цивилната инфраструктура врз повеше региони, во Запорижја, бројот на повредени се искачи на деветм додека во регионот Херсон, каде руската војска со дрон нападна цивилен автомобил во селото Новоронцовка е повреден е 61-годишен маж, а непријател со дрон ранил и 62-годишен жител на селото Микилскемм додека четири лица, меѓу кои и 12-годишно дете, се повредени во Кривји Рих како резултат на ракетен напад што се случил ноќта.
Драган Мишев