• Latest

Американска „Дура“ гради две нови фабрики во Бунарџик

February 6, 2020

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Американска „Дура“ гради две нови фабрики во Бунарџик

February 6, 2020 12:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Американската компанија од автомобилската индустрија „Дура аутомотив системс“ денеска почна изградба на две фабрики во технолошко индустриската развојна зона Скопје 2. Во новите капацитети на компанијата ќе се произведуваат компоненти за најголемите светски автомобилски компании и се најавени 68 милиони евра и 980 нови работни места.

„Дура“ веќе почна произвoдство во својот прв капацитет во нашата држава, а одлуката за новите инвестиците, според премиерот Оливер Спасовски, е храбра и зборува и за привлечноста на економската политика на Владата во делот на поддршката на странските инвестиции. – Горди сме на овие инвестиции затоа што станува збор за водечка светска компанија во автомобилскиот сектор со искуство од преку сто години. Уште поважно и позначајно е што компанијата ги опслужува најголемите производители на автомобилите на северноамериканскиот, на азискиот и на европскиот пазар, потенцира Спасовски.

„Дура аутомотив стракшн“ е името на едниот од новите капацитети во кој ќе се произведуваат алуминиумски рамки за литиумски батерии за електрични возила, како компоненти за премиум класа автомобили. Ќе биде со големина од приближно 25.000 метри квадратни, а почетокот на производство се планира за првиот квартал на 2021 година. Петгодишниот инвестициски циклус од 2019 до 2023 година е проценет на повеќе од 48 милиони евра и ќе отвори 780 работни места, најави Спасовски.

Втората нова фабрика „Дура Аутомотив екстружанс“, пак, ќе произведуваат алуминиумски ултра лесни профили за електрични возила. Почетокот на производство во капацитетот на површина од 10.000 метри квадратни, исто така е најавен за една година. И таму се планира петгодишен инвестициски циклус од 20 милиони евра и  200 нови работни места.

– Трите фабрики на Дура аутомотив системс ќе вработуваат околу илјада наши сограѓани. Сите тие ќе работат во најсовремени фабрички системи, ќе се стекнат со обуки и вештини да учествуваат во високотехнолошки процеси. Едноставно ќе станат дел од глобалниот свет на Дура аутомотив системск. За истакнување е и намерата на компанијата за поддршка на нејзините фабрики за изгради и Центар за истражување и развој кој ќе вработи висококвалификувани и искусни инженери, вклучувајќи и инженери за компјутерски дизајн, експерти за машини, механички и електроинженери во кои ќе се врши обуката на вработените, рече Спасовски.

Директорот на компанијата „ДУРА Аутомотив“, Мајк Бекет, најави дека производствените капацитети во нашата земја ќе интегрираат врвна и иновативна технологија.

– Раководниот тим на ДУРА високо ја цени извонредната соработка што ја добивме од Владата на Република Северна Македонија. Нивната силна поддршка му овозможи на нашиот тим за европски операции исклучително брзо да премине кон финализирање на ова стратешко дополнување во нашето работење, рече Бекет.

Според министерот за економија Крешник Бектеши, економските политики на Владата овозможиле предвидливост и транспарентност за заинтересираните инвеститори.

– Денес во нашата држава инвеститорите, но истовремено посебно функционерите немаат дискрециско право да одлучуваат за тоа какви придобивки ќе има секоја инвестиција во Северна Македонија. Денес сите пред да одлучат да инвестираат во нашата држава знаат приближно колку тие ќе бидат поддржани од страна на државата, а тоа секако дека им дава предвидливост, секако дека им дава поточни информации за тие да креираат соодветни бизнис планови врз основа на кои секако дека ќе имаат и профит во нашата држава, но истовремено и ќе вработуваат повеќе луѓе, рече Бектеши.

Како што укажа директорот на Дирекцијата за трговски и индустриски развојни зони, Александар Младеновски, за важноста на сега веќе трите инвестиции на „ДУРА Аутомотив“ во државава зборува и фактот што лично првите луѓе на компанијата се заземаа преговорите да се одвиваат со забрзана динамика. – Менаџментот на ДУРА ја препозна поддршката на Владата и сериозните презентации на условите и погодностите што ги обезбедуваме во зоните за сите странски инвеститори согласно Законот за ТИРЗ и Законот за финансиска поддршка на инвестиции, посочи директорот Младеновски.

Од своето основање пред повеќе од 100 години Дура аутомотив системс ги снабдува производителите на автомобили со широк асортиман на иновативен дизајн, инженерски и производствени услуги и решенија. Од неколкуте технички центри во Америка, Азија и Европа, Дура развива целосни системи и модули за водечките производители на автомобили како што се „ауди“, „фолксваген“, „дајмлер“, „ценерал моторс“, „хонда“, „тојота“, „форд“, БМВ, „волво“, „јагуар“, „ленд ровер“ и многу други.  Има 7.500 вработени во 36 производствени објекти и технички центри во 13 земји во двете Америки, Азија и Европа.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ