• Latest

Американска поддршка за европската агенда на Северна Македонија

September 20, 2023
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Американска поддршка за европската агенда на Северна Македонија

September 20, 2023 10:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, во рамки на 78-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк.

Во центарот на разговорите беа актуелните политички случувања во земјава и регионот, како и потребата од забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, што претстсвува значајно безбедносно прашање.

Во тој контекст, Османи се заблагодари за континуираната и недвосмислена американска поддршка на нашиот пат кон ЕУ, како и за поддршката за спроведувањето на реформите во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На средбата стана збор и за заложбите за зајакнување на билатералните односи и надградба на соработката во рамки на Стратешкиот дијалог.

“Активностите во рамки на стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД се одвиваат со предвидената динамика и веќе се видливи резултатите од нивната реализација. Билатералните односи се издигнати на повисоко ниво, стратешкото партнерство е зајакнато, а воедно нотиран е и напредок во домашната реформска агенда и демократскиот развој.”

Соговорниците ја реафирмираа поддршката за Украина во справувањето со предизвиците од руската воена агресија, притоа нагласувајќи го силното сојузништво во рамки на НАТО Алијансата. Воедно, беа поздравени нашите претседавања со ОБСЕ, САД – Јадранската Повелба и Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што е показател за значајната улогата на Северна Македонија на меѓународната сцена, особено во контекст на глобалните безбедносни предизвици.

Tags: ЕскобарОБСЕОсманиСАДСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ