Косовската полиција соопшти дека запленила оружје и муниција во Бањска кај Звечане, јауваат косовските медиуми.
Во соопштението се наведува дека токму американскиот КФОР наишол на сомнителни возила, а потоа полицијата го запленила оружјето и муницијата.
„Американскиот КФОР во стара напуштена мелница наишле на сомнителни возила. Релевантните полициски единици излегле на местото на настанот каде се пронајдени и одземени: воени униформи, три ковчези за носење оружје, еден пар панталони, три јакни, една маичка, три рачни бомби, три празни магазини, две гранати, една флеш-бомба и дваесет и осум парчиња чаури со долги пиштоли“, се наведува во соопштението.
Д. Т.