• Latest

Американскиот тим за санкции по информациите добиени во Македонија ќе предложи кои лица ќе се најдат на „црната листа” на САД

December 13, 2022
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Американскиот тим за санкции по информациите добиени во Македонија ќе предложи кои лица ќе се најдат на „црната листа” на САД

December 13, 2022 19:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот тим за санкции дојде, побара што им беше потребно и замина назад за Вашингтон. Неговата работа е сега да му предложи на државниот секретар кои сегашни и поранешни функционери од Македонија ќе им се придружат на Груевски и Мијалков на таканаречената „црна листа“ на која се наоѓаат личности кои поради вклученост во корупција или кршење на човековите права се лишени од можноста да добијат виза за патување во САД.

Целта на овој механизам на Стејт департментот воспоставен уште во раните 90-ти години е да „именува и засрами” и воедно да ги повика на одговорност оние кои се вклучени во значителна корупција. САД ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво, изјавија за НОВА од амбасадата на САД во Скопје по заминувањето на американскиот тим за санкции.

Стејт департментот минатата недела разгледувал, како што велат, низа достапни органи, во координација со меѓуагенциските колеги, да преземат соодветни активности за да одговорат на корупцијата.

Означувањето во координација со релевантните институции во Македонија им дозволува на САД, како што се вели во изјавата „да промовираат одговорност за сегашните и поранешните владини функционери кои се впуштаат во корупција или вршат кршење и злоупотреби на човековите права и да ги поддржат напорите за попречување или одвраќање на идните злоупотреби”, според членот 7031(Ц) од Законот за доделување на средства на Стејт департменот.

Кога државниот секретар ќе добие веродостојни информации дека актуелен или поранешен функционер на странска влада бил вмешан, директно или индиректно, во значителна корупција или грубо кршење на човековите права, од секретарот се бара да го назначи или идентификува тој службеник и неговиот/нејзиниот непосреден член на семејството.

Стејт департментот ќе продолжи да ги користи овие овластувања и сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво. Во зависност од конкретните околности, некои ознаки се прават јавно, додека други се приватни, се вели во изјавата за НОВА.

Во својата првична форма, од 2008 до 2011 година, членот 7031(Ц) забрани влез само на странски службеници вклучени во корупција поврзана со екстракција на природни ресурси. Во 2012 година, Конгресот го прошири овој акт за да вклучи странски функционери веродостојно обвинети за вмешаност во „значајна корупција“, а во 2014 година дополнително се зголеми за да ги опфати забраните за странски функционери вклучени во „грубо кршење на човековите права“. Од 2014 година досега со членот 7031(в) исто така се дозволува именуваните лица да бидат јавно именувани, надминувајќи ги барањата за приватност на Законот за имиграција и националност (ИНА).

Tags: AmbasadaМакедонијаСАДсанкциицрна листа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ