За денеска се закажани две нови изведби од програмата „Култура во време на корона“. Во 19 часот жителите на околните згради во Скопје Север ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „WESTSIDE CONCEPT“, на театарот WESTSIDE. Додека, во 20:30 часот, во паркот во Кисела Вода, концерт ќе одржи АМОН МРА БЕНД.
Концертот ќе биде стримуван на: – фејсбук страницата на Град Скопје и на – Јутујуб каналот на Град Скопје.
Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/
Оттаму информираат дека со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:
1. Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и
2. Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.
Сите учесници ќе добиваат еднаков хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.