Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана, пристигна во Кривичниот суд да сведочи за случајот „Рекет“.
На рочиштето се појави и „сметководителката Мими“ која Камчев ја спомена во неговиот исказ во петокот, кога одговарајќи на прашањата на првообвинетиот во случајот, Бојан Јовановски, рече дека со мобилен го снимиле милионот пред да им ги дадат на обвинетите.
Ана Камчева не се појави на рочиштето минатата недела, со образложение на нејзиниот сопруг дека има зголемена температура.
П. К.
фотографија: МИА