• Latest

Аналитичари: Tепачките меѓу навивачите на Левски и Шкупи се детерминирани (ин)директно и од реториката на опозицијата!

July 28, 2023

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Аналитичари: Tепачките меѓу навивачите на Левски и Шкупи се детерминирани (ин)директно и од реториката на опозицијата!

July 28, 2023 14:20
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Последните случувања со тепачките и инцидентите меѓу навивачите на Левски Софија и Шкупи се детерминирани (ин)директно и од реториката на опозицијата која сее меѓуетничка омраза, страв и конфликтност во општеството. Не верувам дека некогаш ќе се „вразуми“, односно ќе го смени својот ментален чип. Тоа е посилно од нив како партија, членство и раководство“, изјави за Фронтлајн политикологот Благојче Атанасоски.

Острата политичка реторика, националистичка, омаловажувачка и понижувачка кон нејзините политички противници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, доведува до случаи на вербално и физичко насилство, како што беше последниот случај на невоздржано насилство од бугарски навивачи во Скопје, велат политичките аналитичари – зборувајќи за политички речник на македонската опозиција.

Ацо Кабранов
Ацо Кабранов

„Реториката односно секојдневените плукања по секој што не следбеник на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, не само што нема да сапре туку мислам како минува времето се повеќе ќе се засилува. Предводник на таа би рекол запалива реторика е врвот на партијата, нервозна што и по повеќе од една година секојдневнотрубање од страна на нивниот лидер „Избори час по скоро“, тие сепак очигледно ќе се одржат до година на редовниот термин. Нивната нервоза и трка за рејтинг ја пренесоа меѓу граѓаните, а во тоа за жал имаат голема помош и од медиумите“, вели во изјава за Фронтлајн Ацо Кабранов, новинар и познавач на политичките случувања во земјава.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ имаат едиствена цел, да се вратат на власт за да ги спасат сопартијците против кои се водат судски и истражни постапки за злоупотреби во време на режимот на Груевски.

„Да се патриоти што себеси се нарекуват нема да ја кочат државата на патот кон Еу, со изговор дека же сме се бугаризирале и условот уставни измени бил бугарски диктат. Си играт со чуставата на народот и жално е во 21 век им поминува ова“, нагласи Кабранов.

Благојче Атансоски
Благојче Атансоски

Политикологот Благојче Атанасоски смета дека опозицијата, постојано игра на националистичка, потпалувачка и конфронтирачка реторика, прво зошто тоа и носи поени, второ затоа што тоа едноставно и е во „крвта“.

„Не може ВМРО-ДПМНЕ да биде нешто што не е: модерна, конзервативна европска демохристијанска партија со умерена политика која ќе се грижи пред се за државните, наместо за партиските интереси. Последните случување со тепачките и инцидентите меѓу навивачите на Левски Софија и Шкупи се детерминирани (ин)директно и од реториката на опозицијата која сее меѓуетничка омраза, страв и конфликтност во општеството. Не верувам дека некогаш ќе се „вразуми“, односно ќе го смени својот ментален чип. Тоа е посилно од нив како партија, членство и раководство…“, вели Атанасоски за Фронтлајн.

Оливер Спасовски
Оливер Спасовски

Приведени се дваесет и едно лице пред фудбалскиот напревар меѓу Левски и Шкупи, а за инцидентот во Чаир, каде има и едно приведено лице, идентификувани се повеќе напаѓачи и за скоро време деталите за овој инцидент ќе бидат соопштени, изјави денеска министерот за внатрени работи Оливер Спасовски.

„Тоа беше меч оценет како меч од висок ризик. Меѓутоа, морам да кажам дека од почетокот на мечот до неговото завршување практично и да немавме некаков инцидент. На почетокот при влегувањето имавме една група на навивачи кои дојдоа од соседна Бугарија и кои практично се однесуваа насилно кон припадниците на македонската полиција. Приведени се вкупно 21 лице, од кои 19 бугарски државјани и двајца македонски државјани кои се приведени и биле дел од навивачката група на Шкупи“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелник на новиот објект на полициската станица во Аеродром.

Регира и од ЦИВИЛ – Центар за слобода изјавуваат дека со загриженост ја следат ситуацијата и изразија крајна згрозеност од екстремниот говор на омразата.

“Ова што го гледаме на спортските трибини, претставува своевидно киднапирање на спортот за потреби на екстремниот национализам. ЦИВИЛ бара од релевантните институции во нашата земја, како и во Бугарија, да го санкционираат ваквото однесување на спортските терени.“

Дестан Јонузи / Фронтлајн

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ