Во рамки на своите заложби за одговорни и транспарентни институции и за одговорност и транспарентност во располагањето со јавните финансии – трошењето на парите на граѓанките и граѓаните, ЦИВИЛ, во соработка со новинарот Игор К. Илиевски, направи анализа на финансирањето и начинот на извршувањето на буџетот на Министерството за одбрана.
Анализата, поддржана од Иницијативата за демократија на Западен Балкан, програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер (Westminster Fund for Democracy), ќе ја објавиме во пет продолженија, а на крајот на серијата и како онлајн-публикација.