• Latest

Анализа за вработеноста во администрацијата: Основците доминираат во јавните претпријатија, само 2,4 отсто се доктори на науки

April 30, 2021
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Анализа за вработеноста во администрацијата: Основците доминираат во јавните претпријатија, само 2,4 отсто се доктори на науки

April 30, 2021 13:19
in АНАЛИЗИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси половина од вработените во јавниот сектор имаат високо образoвание, а веднаш зад нив се оние со средно. Конкретно, од вкупниот број на вработени, 52.891 се со факултет, а 38.493 се со средно образование. Во јавниот сектор само 2,4 отсто има доктори на науки, додека 8,3 отсто се со основно образование. Од етничките Македонци, 46,1 отсто од вработени во јавниот сектор се со високо образование, кај Албаниците овој процент е поголем и изнесува 54,7 отсто, додека со високо образование се 40,7 отсто Бошњаци. Во Судски совет, Уставен суд, Совет на јавни обвинители и Јавно обвинителство, докторите на науки се застапени со 0 отсто, пишува Порталб.

„Најнизок степен на образование за кој е предвидено работно место во јавниот сектор е основното образование, за определени работни места во јавните претпријатија, додека за најголемиот број на работни места е предвидено средно или високо образование“, се наведува во Извештајот на Министерството за информатичко општество, МИОА.

Според образовна структура во јавниот сектор, доктори на науки се 2,38 отсто, магистри се 3,84 отсто, со високо образование се 47,40 отсто, со вишо се 3,15 отсто, со пост-средно образование се 0,48 отсто, со средно се 34,50 отсто, а со основно образование има 8,26 отсто од вработените.

Ако се навлезе подлабоко во анализата за степенот на образование на вработените во институциите, забележително е дека Секретаријатот на Владата е институција со најголем број на високообразован кадар – 80 отсто од вработените, зад него е Владата каде 67,5 отсто од вработените се со високо образование, а повеќе од 60 отсто од вработените се со високо образование во министерствата, кај Народниот правобранител, органите во состав на министерства, кај Претседателот на државата и во Судскиот совет.

Од друга страна вработените со средно образование доминираат во јавните претпријатија 57,1 отсто, во Јавно обвинителство 51,3 отсто, во службите во Владата 70,8 отсто, судовите 57,9 отсто.

Докторите на науки се концентрирани во неколку институции како што се jавни установи, Народна банка, Претседател на држава. Доктори на науки во јавни установи има 3,8 отсто, кај Претседателот на РСМ 3,5 отсто, во Народна банка 2,8 отсто, во Секретаријат на Влада 2,7 отсто.

Во Судски совет, Уставен суд, Совет на јавни обвинители и Јавно обвинителство, докторите на науки се застапени со 0 отсто. Од друга страна, „основците“ ги нема во Влада, кај Претседателот на државата и во Уставен суд, но затоа доминираат во јавните претпријатија со 25,1 отсто.

„Имајќи ја во предвид самата структура на јавниот сектор и институциите кои се опфатени со истиот, како и видот на работните места кои се нудат, може да се изведе заклучок дека во јавниот сектор постои огромна разлика во однос на степенот на образование кој е потребен за да може да се пополни работно место во овие институции“, се наведува во Извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2020.

Речиси 60 отсто од етничките Роми вработени во јавниот сектор се со основно образование, 28,1 отсто се со средно образование, а 10,8 отсто од вработените Роми се со високо образование. Од друга страна, доктори на науки има најмногу од Влашката етничка заедница, скоро 4 отсто, следуваат Македонците со 2,74 отсто, а по нив се докторите на науки од Српската етничка заедница со застапеност од 2,24 отсто.

Различна е застапеноста на вработените од различни етнички заедници и на локално ниво. Етничките Македонци со повеќе од 90 отсто се застапени во општините Аеродром, Битола, Берово, Гази Баба, Виница, Гевгелија, Градско, Дојран, Кратово и други. Етничките Албанци со 100 отсто застапеност се во Арачиново, Боговиње, Липково, додека со над 80 отсто се застапени во Теарце, Сарај, Желино, Дебар, Врапчиште. Етничките Роми се најзастапени во општините Берово и Битола со скоро 2 отсто, во Кочани, Бутел и во Дебар со речиси 3 отсто, во Штип со 3,4 отсто, а најмногу во општина Шуто Оризари со 35,3 отсто. Етнички Турци со 16 отст се најзастапени во општина Долнени, 11,1 отсто во Конче, Маврово и Ростуше, а со скоро 90 отсто во Центар Жупа и со 23 отсто во општина Студеничани. Етничките Срби со 21,2 отсто се најзастапени во општина Старо Нагоричане.

преземено од МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ