• Latest

Андоновски од Економскиот форум, Полска: Усогласувањето со дигиталните стандарди на ЕУ е клучен чекор кон нашата интеграција

September 5, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Андоновски од Економскиот форум, Полска: Усогласувањето со дигиталните стандарди на ЕУ е клучен чекор кон нашата интеграција

September 5, 2024 10:56
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за време на своето учество на 33-тото издание на Економскиот форум во Карпач, Полска, имал низа активности, меѓу кои и излагање на централната пленарна сесија „Централна и Источна Европа: Нов лидер во дигиталните иновации”, каде што дискутирал  за дигиталната трансформација, регионалната соработка и европската интеграција преку дигитализација.

Говорејќи на оваа тема, министерот Андоновски го истакнал формирањето на Министерството за дигитална трансформација како јасен знак дека дигиталната трансформација е врвен приоритет на македонската Влада.

Во контекст на меѓународната соработка во овој сегмент, соопштија денеска од Министерството за дигитална трансформација, Андоновски нагласил дека успесите на земјите во Централна и Источна Европа служат како инспирација и модел за Република Северна Македонија. Тој го споменал проактивното учество на земјата во тековните регионални дигитални иницијативи и ја нагласил важноста на размената на искуства и знаења во областа на дигитализацијата.

Андоновски посебно се осврна на инклузивноста во дигиталната трансформација, истакнувајќи дека Република Северна Македонија се стреми кон создавање дигитални решенија кои се лесни за користење и безбедни за сите граѓани. Во овој контекст, тој ја нагласи посветеноста на владата за развој на дигитални вештини, со посебен фокус на младите, но истовремено и на постарите граѓани, се наведува во соопштението.

Говорејќи за европската интеграција, министерот истакнал дека усогласувањето со дигиталните стандарди на ЕУ е клучен чекор кон нашата интеграција во тој правец. Било потенцирано дека овој процес не само што ја подготвува земјата за членство во ЕУ, туку и создава поволна средина за привлекување странски инвестиции во технолошкиот сектор.

– Нашата цел е да ја претвориме Република Македонија во атрактивна дестинација за технолошки инвестиции и иновации, изјавил министерот, додавајќи дека ова ќе придонесе за економскиот раст и создавање на нови работни места во дигиталната економија. Андоновски нагласил дека Република Македонија е подготвена да биде активен учесник во дигиталната трансформација на регионот.

Тој повикал на поблиска соработка меѓу земјите од Централна и Источна Европа во областа на дигитализацијата, нагласувајќи дека заедничкиот напредок во оваа област ќе придонесе за поголема конкурентност и просперитет на целиот овој дел од Европа.

– Учеството на министерот на овој престижен форум ја потврдува заложбата на Република Македонија за забрзан дигитален развој и нејзината амбиција да стане важен фактор во дигиталната економија на регионот и пошироко во Европа, соопштија од Министерството за дигитална трансформација.

Во рамки на Форумот, во агендата на министерот Андоновски е предвидена и билатерална средба со неговиот полски колега, Потпретседател на Владата и министер за дигитални прашања, Кристоф Гавковски.

Економскиот форум во Карпач обединува повеќе од 100 врвни светски компании. Во текот на три дена состаноци и дискусии, речиси 6.000 гости ќе учествуваат на над 500 настани, пренесе МИА:

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ