• Latest

Ангелов со апел до градоначалниците: Сериозно сфатете ја својата позиција при евентуални пожари

July 20, 2023

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НЕПОГОДИ

Ангелов со апел до градоначалниците: Сериозно сфатете ја својата позиција при евентуални пожари

July 20, 2023 14:18
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во врска со топлотниот бран што ја има зафатено земјава упати апел до градоначалниците да бидат во висина на нивните надлежности и при појава на пожар да дадат се од себе, пожарот да биде изгаснат во прва фаза, и на тој начин да се помогне во безбедноста на граѓаните.

Тој за Градска.мк истакна дека во случај на пожари поради големите горештини државата сега е по подготвена за разлика од минатите години.

Според него тоа се должи поради тоа што државата сега има значително повеќе воздухоплови кои што го олеснуваат гаснењето на пожарите особено во високите тешко достапните предели.

„Генерално надлежноста за гаснење на пожари е на територијалната против  – пожарна единица на чија што територија настанува пожари. Доколку пожарите настануват во шума, а ако шумата е надлежност на национални шуми тогаш национални шуми ја имат надлежноста за гаснење на тој пожар  заедно со локалната против – пожарна единица„ кажа Ангелов, додавајќи дека истото важи и за националните паркови.

Ангелов истакна дека локалната самоуправа има нагласено значајна улога во гаснењето на пожари. Со појава на пожари градоначалниците треба да дадат се од себе и истите да ги изгаснат во прва фаза.

„Ако градоначалниците немат доволно капацитет да се справат со некој пожар на отворено, тогаш тие треба итно да побарат подршка-помош од соседните општини. Ако и тоа не е доволно, тогаш треба да ги ангажираат и тимовите од националните шуми, Дирекцијата за  заштита и спасување кои што имат тимови за гасење на пожари и дури по тоа доаѓаат леталата кој што се шумски ограничен ресурс, затоа што многу често се случило кога ќе се појавило некој пожар на отворено или во шума првото нешто кој што ќе го побара градоначалниот е хеликоптер или авион. Тие се скапи и ограничени ресурси кои што мора да ги чуваме само онаму каде што навистина се неопходни„ додава тој

Македонија ќе остане во портокалова фаза, поради високите температури од над 40 степени, кои ќе траат во наредните десет дена. Остануваат да важат препораките за најранливите категории. Бремените жени и лицата над 60 години се ослободени од работа, а децата во градинките не смеат да се надвор од 11 до 17 часот. Од денеска важи и забраната за движење низ шумите, односно низ националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно, каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

Н. А. / Градска.мк

Tags: пожариСтојанче Ангелов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ