Предлогот на министеротза внатрешни работи Наќе Чулев, за награда на вработените на МВР по 15.000 денари, не кореспондира со неговиот предлог за кратење на буџетот на МВР, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска. Таа откри дека токму Чулев пред два дена, кога се кроеше ребалансот на буџетот, предложил да се скратат 88 милјони денари од буџетот на МВР.
„Јас морам да кажам дека министерот за внатрешни работи беше навистина кооперативен при правење на ребалансот и тој достави предлог за кратење од 88 милиони денари во МВР. Тој предлог беше ефектуиран и морам да кажам дека овој пат, при овој ребаланс поставивме стандарди и концепт да ништо на своја рака Министерството за финансии не кратеше. Сите кратења, сите прераспределби и промени се на барање на буџетските корисници. Предлогот не кореспондира со барањето кое било доставено при кроењето на ребалансот. Два дена по скроен ребаланс, мора да бидеме сите реални. Јас верувам дека сите членови на Владата ги знаеме реалните можности и дека сите до еден и оваа Влада ќе се залага за да ги награди сите кои заслужиле кога ќе имаме целосна контрола врз вирусот и сите ќе ја добијат наградата и заслуженото”, рече Ангеловска.
Сепак Ангеловска рече дека полицајците, но и другите профили кои биле на првата линија со корона вирусор, како комуналците, војниците и другите вработени, нема да бидат заборавени и не наградени. Но наградите за нив ке следат одкако ке заврши војната со кпандемијата.
„Сите ќе ја добијат наградата, но не сега, туку по победата на коронавирусот”, рече Ангеловска.
Предлогот на министерот Наќе Чулев доаѓа по објавување на третиот сет на економски мерки со кој Владата ќе им додели парична помош и други олеснувања на многу категории на граѓани, бизнисот и здравствените работници. Овие мерки Ангеловска рече дека се вклопени во новиот ребаланс, а откако тој е донесен не можат да се донесат нови мерки кои имаат финанциски импликации.
Арбен Зеќири