Општина Дојран не е во можност сама да го отплати долгот во висина од 150 илјади евра кон Европската унија за пречистителната станица која пред 4 години се реконструираше со европски пари, а Европската комисија најде прекршување на постапката.
„Целиот проект чинеше околу 260 000 евра. Претходниот градоначалник врати околу 100 000 евра и сега останаа уште околу 150 000 евра да вратиме ние. Дали некој ќе одговара не можам да ви кажам, бидејќи за целиот случај се води постапка во јавното обвинителство. Сега бареме помош од Владата, односно од Министерството за локална самоуправа“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Анго Ангов, градоначалникот на Општина Дојран.
ЕУ бара Општина Дојран да врати 150 илјади евра оти во 2014 година избрале поскап понудувач за реконструкција на пречистителната станица, за што се жалела чешка компанија учесник на тендерот.
Дехран Муратов