• Latest

Анѓушев: Преку хармонија со локалното население до поголем успех во рударството

June 12, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Анѓушев: Преку хармонија со локалното население до поголем успех во рударството

June 12, 2018 12:20
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Неопходно е повеќе и поинтензивно да работите со локалното население и да им ги објасните сите околности во кои ќе стопанисувате во нивната околина, како и да им кажете дека ќе работите на заштита на животната средина и да им ги укажете бенефитите што ќе ги имаат од работењето на рудниците, им порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на инвеститорите присутни на 3. Економски форум за рударство и истражување „MINEX EUROPE 2018“ што денеска и утре се одржува во Скопје.

– Во земјава во последно време се појавуваат негативни чувства кога ќе се спомне рударството. Тоа се темели на со години неодговорното однесување на неодговрни концесионери во земјава. Концесионерите и централната власт мора повеќе да работат со локалното население  и да им објаснат дека има технологии и техники кои не се штетни за околината, рече Анѓушев.

Нагласи дека до ситуација каква што е актуелната во рударството во земјава може да се дојде само доколку централната власт работи без консултации со локалното население.

– Убеден сум дека негативното чувство кое се јавува кај населението кога ќе се спомне зборот рударство ќе го надминеме сите заедно. Мораме да им кажеме на локалните заедници и на граѓанските организации кои се бенефитите од рударството без да имаат штета по нивното задравје или околина. Треба особено да им објасниме дека нема штета врз земјоделските призводи, бидејќи се загрижени ако постои рудник во нивната околина. Се надевам дека како инвеститори ќе препознаете дека Македонија оди во насока на евроатлантски интеграции кои значат стабилност, безбедност и стандарди, потенцира Анѓушев

Тој посочи дека рудрството во април годинава бележи раст од 1,3 отсто во споредба со истиот месец лани  и дека учествува со 8,31 отсто во индустриското производство во земјава. Најави дека ќе се работи на измени на Законот за минерални суровини.

– Во Македонија доколку се пренесе концесија од еден сопственик на друг за експлоатација на минерални сурвини Законот предвидува да се плати седум проценти на државата од предвидената вредност на бизнис зделката. Но, овој закон во минатото беше избегуван на начин што зделката не се случуваше во Македонија, туку се продаваа мајките компании кои се надвор од земјава. Ќе направиме измена на Законот и без разлика каде ќе се случи трансферот на сопственоста средствата ќе мора да се уплатат во Буџетот бидејќи во Македонија се случува експлоатацијата на минералната суровина, рече Анѓушев и додаде дека на овој начин земјава во минатото има изгубено стотици милиони евра.

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет истакна дека преку Минекс прв пат во Македонија доаѓа британска делегација од рударството. Тоа, како што кажа, е потврда дека Британија е отворена за бизнис.

– Статистички рударството во Македонија има скромен придонес во БДП и тоа со години, иако тоа е сектор со потенцијал, бидејќи Македонија е богата со суровини. За развој на една земја е неопходно владеење на правото и реформа на јавната администрација. Тие реформи не се лесни, но се суштински за едно стопанство да го реализира својот потенцијал, рече Гарет.

Канадската амбасадорка Кати Чаба, пак, посочи дека нејзината земја има светска репутација како бизнис лидер на полето на напредна рударска технологија и додаде дека работењето на канадските рудници е на највисоко ниво.

– Асоцијацијата за рударство во Канада од 2004 година има покренато иницијатива за импелентирање на светски стандарди во заштитата на животната средина и безбедноста при работата во рудниците. Канадската Влада бара од канадските инвеститори одговорно бизнис однесување и во странство во соработка со локалната влада и население, рече Чаба.

Претседателот на Македонската рударска асоцијација Николајчо Николов нагласи дека македонското рударство се најде во лоша ситуација заради немањето доволно хармонија меѓу Владата, локалното население и претпријатијата кои се бават со рударство.

– Потребно е да се открие каде направивме грешка како влада, граѓани и инвеститори и што треба да направиме да се врати довербата кај населението за рударските претпријатија. Сметам дека нема доволно јасен дијалог, дури нема ни желба за дијалог меѓу рударските пртпријатија и локалната самоуправа, а тоа се покажа и на вчерашната Конференција за канадски искуства за одржливо рударство, рече Николов.

Тој посочи дека во земјава се регистрирани над 500 рударски компании и оти во секторот работат 12.000 луѓе кои имаат просечна нето плата повисока од 500 евра.

– Извозот од рударскиот сектор изнесува околу 230 милиони долари од кои 170 милиони се извезуваат од рудниците за метали, а 63 од рудниците за неметали. Во исто време увозот во неметаличниот сектор е над 400 милини долари и затоа треба да се подобри билансот на увоз и извоз, рече Николов. (МИА)

Tags: економијаЕкономски форум за рударство и истражувањеКочо АнѓушевМакедонијаМакедонска рударска асоцијацијарударстворудници
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ