• Latest

Анкета на Стратум за рејтингот на партиите, ДКСК не ги прифати приговорите на Левица и СДСМ, 89-годишна жена најстар кандидат за советник, пожар во партиски простории

October 10, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Анкета на Стратум за рејтингот на партиите, ДКСК не ги прифати приговорите на Левица и СДСМ, 89-годишна жена најстар кандидат за советник, пожар во партиски простории

October 10, 2021 17:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Втора половина од изборната кампања со намалена посетеност на митинзите поради дождливото време.Кандидатите за општинските функции ги интензивираат своите активности . На средби со граѓаните и преку медиумите се ветува подобра иднина на општините, лидерите водат кампања како за парламентарни избори. ДКСК не гледа незаконитост во рекламирањето на Арсовска со средства од ВМРО ДПМНЕ, СДСМ во водство пред ВМРО ДПМНЕ во анкетата на Стратум,  89- годишна жена кандидат за советник, опожарени партиските простории на ДУИ во Кичево.

ДКСК НЕ ГИ ПРИФАТИ ПРИГОВОРИТЕ НА ЛЕВИЦА И СДСМ

На денешната 52-ра седница на ДКСК ги одби приговорите кои на 5 октомври до неа ги поднеле политичката партија Левица и коалицијата „Најдоброто за мојата општина” предводена од СДСМ. На седницата ДКСК одлучи постапката по изнесените наводи да ја запре. Членот на ДКСК, Нури Бајрами, посочи дека наводите од приговорот на „Левица” за финансирањето на политичкото рекламирање на кандидатката Данела Арсовска, не се потврдени и правно неиздржани и затоа ДКСК не е во можност да предлага мерки во согласност со своите надлежности.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска во врска со вториот приговор, рече дека според распоредот од ДИК, независниот кандидат Максим Димитриевски кој е кандидат за градоначалник на Куманово има добиено три локации, додека во приговорот стои дека има девет локации дополнително обезбедени преку системот „прв дојде и прв услужен”.

ИЗБОРНА АНКЕТА НА СТРАТУМ

Агенцијата СТРАТУМ РиД последната недела од септември и првата недела од октомври, спроведе истражување во кое е вклучена и секција за расположението на граѓаните како и рејтинг на Институции и политички партии. Од граѓаните кои ќе излезат на гласање, 26.1% се определиле за СДСМ, а 23.8% се определиле за ВМРО-ДПМНЕ.

КАЗНА ЗА ИСЕЧЕНО ДРВО ЗА ПОДОБРА ВИДЛИВОСТ НА КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИЛБОРД

Инспекторатот на Град Скопје, денеска на Општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1.800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот „Борис Трајковски“, за подобро да се види рекламата од изборната кампања на кандидат за градоначалник на билбордот. Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје.

ОПОЖАРЕНИ ПАРТИСКИ ПРОСТОРИИ

Пожар избувнал синоќа во 1:10 часот по полноќ во хотелот „Арабела” во Кичево, при што била опожарена канцеларијата на ДУИ , каде што беше сместен изборниот штаб на оваа партија. На местото излегле полициски службеници од Полициската станица Кичево, соопшти МВР. Пожарот најпрво бил локализиран и околу 2 часот и целосно ликвидиран. Како што соопшти МВР во пожарот нема повредени лица. Материјалната штета и причините за пожарот допрва ќе се утврдваат.

89-ГОДИШНА ЖЕНА НАЈСТАР КАНДИДАТ ЗА СОВЕТНИК

На локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври најстар кандидат за советник е 89-годишна жена предложена од Единствена Македонија во скопски Аеродром, додека најмладиот носител на листа е кандидат на партијата Родина во општина Конче со само 19 години. 

ПАРТИСКИ ПРЕПУКУВАЊА

Дарко Каевски од СДСМ, на прес конференција обвини за скандал со парцелите од над 30.000 метри квадратни земјиште во Долно Соње од  човек близок до градоначалникот Трпковски.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат со контраобвинение за Дарко Каевски, за кој прашуваат како станал   единствениот триесетгодишник во Македонија, кој не е иноватор или ИТ инжинер, а што има 4.070.000 денари депозит во банка.

АКТИВНОСТИ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

ВМРО-ДПМНЕ

Убеден сум во политички пресврт во Македонија што ќе се случи по 17 октомври, изјави Христијан Мицкоски во Битола.

„И јас ве повикувам на масовна излезеност. Масовна излезеност уште рано наутро масовно да излеземе затоа што тивкото мнозинство кое што има што да каже, а за жал никој денеска не го прашува на овие избори јас сум убеден дека ќе биде гласно и дека го заокружи бројот 7 за идниот градоначалник на Битола и за идната победничка листа предводена од  ВМРО-ДПМНЕ, листата на коалицијата „За обнова на Македонија“. “ 

СДСМ

Од СДСМ ветуваат 100 милони евра за сите општини за изградба на подобра инфраструктура

„„Како одговорна и домаќинска партија остануваме целосно посветени на градење современа инфраструктура во секоја општина, во секој град, во секое село. Комуналната инфраструктура ќе остане во фокусот на нашето работење, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија. “, велат од СДСМ.

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ и АЛТЕРНАТИВА

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари  и кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска имаа кафе средба на која што заклучија дека за модерни градови потребни се квалитетни, ефикасни и брзи решенија.

Кандидатот на АА-А за општина Тетово, Вулнет Мурсели преку својот профил на ФБ откри дел од својата програма за реконструкција на жичарницата Тетово-Попова Шапка

НЕЗАВИСНИ

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Општина Дебрца Зоран Ногачески пред граѓаните на општината посочи дел од инфраструктурните проекти спроведени во неговиот мандат.

Според Ногачески, основна цел на изминатата локална власт бил подигањето на квалитетот на живеење, со инвестиции во безмалку сите села, од најмалите до најголемите, согласно принципот дека секој е поеднакво важен. 

ДУИ

Демократската унија за интеграција (ДУИ), денеска ја претстави Изборната програма за општина Липково. Зекирја Шаини, носител на листата кандидати за советници на денешната прес -конференција рече дека програмата изработена за развој на Липково е за подобар квалитет на животот на нејзините граѓани и се фокусира на подобрување на патната инфраструктура, реконструкција и одржување на водоснабдување, канализација и мрежи за наводнување, управување со отпад, квалитетно образование, поголема здравствена заштита и многу други сфери на општествениот живот.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу воедно и кандидат за втор мандат , денеска оствари средба со пензионерите на која им ги предаде клучевите од Центарот за пензионери, што е наменет како место за средба на жителите на општината во напредна возраст, информираат од Општина Чаир

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

Кандидатите за советници од советничката листа „Единствена Македонија“ ги истакнаа заложбите кои ќе бидат во фокусот на нивното работење доколку добијат мандат во Советот на Општина Охрид.

ИНТЕГРА

Натпартискиот кандидат за градоначалник на Берово од партијата Интегра, Горан Алачки, денеска оствари средба со граѓаните на ромското маало од Берово. На средбата, како што рече Алачки, низ разговор ја слушнал нивната вистина и големиот број проблеми со кои се соочуваат во нивното секојдневие, и ја презентираше неговата програма во која, како што додаде, се содржани проекти кои ќе бидат насочени токму во културата и уметноста во Малешевијата.

ГРАД СКОПЈЕ

Кандидатката за  градоначалник на Скопје од „Зелен хуман град“, Ана Петровска ќе одржи прес-конференција на тема „Решенија за Вардариште“. На средба со граѓаните на Гази Баба , Петровска истакна дека се борат против дивата депонија Јурумлери, која е една од многуте покрај Вардар. Таа се прави со знаење на општината Гази Баба, која наместо да ја исчисти, самата фрла отпад, за да не плати прописно депонирање во Дрисла. На оваа локацаија се истура и талог од септички јами на приватни куќи од оваа општина, што депонијава ја прави уште поголемо жариште на зарази, во време на пандемија.

Данела Арсовска , кандидатка за градоначалничка на Скопје, поддржана од ВМРО ДПМНЕ,: Скопје ќе биде град на фестивалите. Планираме одржување на најмалку 12 фестивали, за секој месец во годината по еден фестивал. Златно славејче кое е симбол на Скопје ќе се возобнови. Градот ќе ја продолжи и ќе ја зголеми поддршката на Скопје Џез Фестивал.

Градоначалникот на Град Скопје и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов,  денеска посочи дека скопската Зоолошка градина станува регионална туристичка атракција. Дино паркот, фламингата, пингвините и слонови како дел од новата понуда на Скопје ЗОО, , директно придонеле за зголемениот интерес за посети кој во просек се зголемил на над 30.000 посети неделно.

МИТИНЗИ

Изборни активности на СДСМ „Најдоброто за мојата општина“ во Дебарца, М. Брод, Долнени, Кривогаштани и Прилеп, на централниот настан во Крушево ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Томе Христоски, во Чашка ќе се обратат потпретседателот Фатмир Битиќи и кандидатот за градоначалник Горан Стојановски. Оливер Спасовски го претстави кандидатот за  градоначалник на Општина Ранковце, Даниел Крстевски”,  Сања Лукаревска во Врапчиште со кандидатот за градоначалник Џезми Мамути  и ностлот на советничката листа  Војче Исакоски.Прес конференции на кандидатите за градоначалници на општина Аеродром, Александар Филиповски и кандидатката за советничка во Штип, Маријана Рогожарска Поповска.

ВМРО-ДПМНЕ со изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Василево, Босилово и Ново Село, во Битола, претседателот на на партијата, Христијан Мицкоски го  претстави кандидатот за градоначалник Тони Коњановски. Изјави за медиумите на Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник на Гази Баба , Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на општина Центар од  Водно и на кандидатот Тимчо Муцунски за дигитализирање на сите услуги во Општина Аеродром.

 Демократската унија за интеграција ја продолжuva изборната кампања во Oпштина Куманово каде со  презентација на листата на кандидати за советници.

Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП во Шуто Оризари и Петровец.

„Твоја партија“ на средби со граѓани во Скопје.

Изборни активности на БЕСА во Брвеница и Голема Речица.

Д.Мишев

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    236 shares
    Share 94 Tweet 59
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ