• Latest
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Правете што повеќе зимница, се спрема изборна кампања

September 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Последна линија на одбраната

September 17, 2026
Изрекување првостепена пресуда за поранешните лидери на ОВК, 16 септември 2026 година; Фотографија: Специјализираните совети на Косово во Хаг

ВЛЕН и ДУИ ја оспоруваат праведноста на Хашката пресуда за поранешните лидери на ОВК

September 17, 2026
Мицкоски и Муцунски во Вашингтон, фотографија од ФБ профилот на премиерот, објавена на 16 септември 2026.

Дипломатија на лажичка: Јавноста заслужува повеќе од фотографии од Вашингтон

September 17, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Американски санкции за Москва, ЕУ со историска понуда за Канада, ОН предупредува на опасната трка во развојот на ВИ, жестоки битки и цивилни жртви во Украина

September 17, 2026

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

На денешен ден во 1939 година: Сталиновиот СССР ја нападна Полска од исток

September 17, 2026
Миколајив, 16 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Петмина загинати во напад врз автобус во Никополскиот реон, нападнат и возот Кијив-Миколајив – која е целта на нападите врз јавниот превоз?

September 16, 2026

Зад параванот на демократијата

September 16, 2026
Кога е допрена УЧК, сите се креваме! - Косово, 16 септември 2026

Момент на вистината: Хаг го осуди Хашим Тачи на 25 години

September 16, 2026
Хаг, Холандија, наутро, 16 септември 2026

Хаг ја изрекува пресудата за лидерите на ОВК: Косово во напнато исчекување

September 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Правете што повеќе зимница, се спрема изборна кампања

September 17, 2026 14:56
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Војо Маневски

Работите кои не зависат од нас и малку може да се влијае на нив треба да се издржат со што е можно помала штета врз граѓанките, а богами и граѓаните.

Нешто што посебно ме нервира е кога во медиумите ќе слушнам или прочитам дека ни претстојат избори и дека тие избори се историски. Се разбира дека се историски зошто после секој од изборите во историја заминува и дел од надежта дека нешто на подобро ќе се смени кај нас.

Затоа советувам да се направи повеќе зимница. Да се прескокнат празните пароли и неостварливи програми и граѓаните нека ги исклучуваат телевизорите штом ќе се појави шпицата – ВЕСТИ, а посебно оној дел што е одделен со знаменце и пишува: ИЗБОРИ.

Гарантирам дека нема ништо важно да пропуштат. Наместо празното блеење во екранот започнете да се дружите во тоа време со соседите, роднините, пријателите и сетете се на некои игри кои го оплеменуваат дружењето. На лустерот ставете пано на кое ќе пишува: за време на дружбата најстрого се забранува разговор поврзан со партии и избори. За прекршителите следува казна со клетва – задолжително да бидат присутни, од почеток до крај, на сите митинзи без разлика која и да е партијата која ги организира. Ај да ве видам јунаци кој ќе се осмели на таква клетва и казна.

Едни политичари изјавуваат дека избори ќе има според законот и уставот, други дека не се плашат од избори, трети дека мора да се создадат фер и демократски услови за избори и сè што веќе многупати сме го слушнале. Не сум сигурен дека зависи од нив.

Еден од помошниците на државниот секретар на САД за несреќа распореден за овој дел на светот, јасно и недвосмислено ја објави нивната платформата за идната политика што ќе ја водат во овој регион. Нема веќе правење држави и граници, туку ќе се води политика на стабилизација. Значи, ќе ги подржуваат политичките сили што пружаат стабилност. Преведено на наша политичка пракса, ќе се подржуваат авторитарните модели на владеење. Тоа што недостатокот на демократија значи и постојана опасност од дестабилизација изгледа овој пат ќе помине под радарот на интересите на најголемата сила на светот.

Што тоа би значело за нас како партнер кој е спомнат во документот и за кој САД немаат многу замерки. Веројатно како и до сега – без големи турбуленции на политички план за да не ја зголемуваме галамата во регионов. Да се прилагодуваме на состојбите во околината и да не предничиме во давањето решенија. Со еден збор, како и до сега, да си  трпиме и ако преживееме ќе биде добро, ако не, тогаш сами сме си криви.

Кога ќе има избори ми беше идејата, нели?

Зависи од изборите кај северниот сосед на 25 октомври. Таму е заплеткано како гордиевиот јазол. Длабока поделеност, па дури и поделеност по основниот концепт – што е државата Србија. Дали е држава на српскиот народ или е држава на граѓаните на Република Србија. Што значи гласањето на србите од Босна и Херцеговина на изборите во Србија? Што нуди опозицијата која е грогирана и разделена и најважно е силата на енигмата наречена – студентски листи.

Ако биде тесен резултатот, која од спротивставените страни нема да го признае резултатот? Ако е поголема разликата, ќе биде ли признаен резултатот? Ако не биде признаен резултатот, какви ќе бидат постапките на страната која не го признава? Ако дојде до дестабилизација на состојбата, колку таа ќе трае и кои мерки ќе се неопходни од страна на меѓународниот фактор кој има големи интереси во Србија. Како ќе реагира Русија па дури и Кина, ако се земе во обѕир вложениот капитал во последните десетина години…

Многу прашања на кои ќе треба да се дадат одговори од кои зависи и состојбата и кај нас. Нема да има избори ако во Србија состојбата е нестабилна или дури проблематична. Ниту една партија кај нас нема да се осмели да ги занемари советите на амбасадорите, без разлика дали е власт или опозиција.

Ако во Србија победи Вучиќ, изборите кај нас ќе бидат на прагот и тоа со извесен резултат. Знаејќи го нашиот менталитет, прашање ќе биде само која ќе биде разликата меѓу сегашната власт и сегашната опозиција. Ако победи студентската листа и нејзината коалиција, тогаш изборите ќе бидат одложувани колку ќе се може повеќе. Трендовите во политиката имаат скоро иста силина како и клиентелистичка структура на владејачката партија. Сите што сега молчат, ќе сакаат да се фатат на орото за промени, ама само да се стават во улога на везирот Изногуд. И тоа ќе значи избори во редовниот термин некаде напролет во 2028 година или ако така се нареди од меѓународниот фактор во некој термин следната есен.

Знам дека требаше да ставам во текстот анализи со позната длабокоумност на аналитичарите ама се надевам дека сум разбирлив за моите сограѓани што немаат намера многу да се расправаат со мудрување кога нештата и онака се јасни.

И затоа останува мојот совет од насловот. Пиперките изгледа нема да се скапи, а ако не се организира откупот, ќе бидат и по 25 денари на пазарот. Земајте по сто килограми, па модар патлиџан, па зејтин и исчистете ги шерпите што собираат прашина веќе неколку години. На прикладно место, запалете оган па дрвени столчиња со перничиња, нека се пече пиперот, нека се пробува ајварот, лутеницата, пинџурот. Некоја вилија сирење и по една лута за храброст на посилниот пол колку да не заборави кој носи панталони, а на највисокот место нека виси транспарентот ЗАБРАНЕТ РАЗГОВОР ЗА ПАРТИИ И ИЗБОРИ.

Ако имаме среќа, целата оваа ЕЛ НИЊО зима ќе си ја преживееме во таква атмосфера. Важно е да ги преживееме политичките кампањи и изборите кога веќе партиите ни се судбина.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА

 


Лагите и насилството се штитат со гушење на независните медиуми и граѓански организации.

Поддршка за ЦИВИЛ

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ