„Законот за Јавно обвинителство би требало да се донесе ‘во име на народот’, меѓутоа сега пред избори е во интерес на политичарите. Доколку се мислеше на граѓаните тој закон одамна ќе беше донесен. Сега пред избори едни ќе го поддржуваат, а други ќе викаат уа“, вели еден граѓанин на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, зошто сè уште не се донесува законот на ЈО?
Еден граѓанин вели дека доколку се донесе законот за ЈО тогаш „политичарите нема да може да си ги полнат џебовите“, додека друг граѓанин смета дека „законот не се носи заради криење на криминалот“.
Еден граѓанин истакна дека политичарите треба да мислат на граѓаните, бидејќи тие се избрани да ги застапуваат правата и интересите на граѓаните, а не личните интереси.
„Граѓаните треба секогаш да се на прво место“, вели тој.
Дел од граѓаните на ова прашање не сакаа да зборуваат пред камерата на ЦИВИЛ Медиа.
Дехран Муратов
камера: Ангела Перовска
монтажа: Владимир Перчуклиевски