• Latest

Анкетата на „Брима“ за СДСМ реална, за ВМРО-ДПМНЕ наместена, ДУИ со слоган „Избери живот, гласај зелено“, осуда за заканите кон кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

September 20, 2021
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Анкетата на „Брима“ за СДСМ реална, за ВМРО-ДПМНЕ наместена, ДУИ со слоган „Избери живот, гласај зелено“, осуда за заканите кон кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

September 20, 2021 17:14
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Според испитувањето на „Брима“, СДСМ и Зоран Заев има водство пред ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и другите политички субјекти. Веднаш по објавената анкета на „Брима“, во дел од медиумите кои се блиски до опозицијата се појави експресно истражување на извесна „Организацијата за граѓански активизам и независност”, според која најголема доверба меѓу политичарите ужива лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Државната изборна комисија (ДИК) го објави списокот на кандидати за градоначалници и советници.

Демократската унија за интеграции (ДУИ) на овие локални избори ќе настапи под слоганот „Избери живот, Гласај Зелено“.

ПОЛИТИЧКИ РЕЈТИНГ

Најпопуларниот политички лидер во Македонија и натаму е Зоран Заев, кој со своите 11,8% од поддршката на анкетираните убедливо води пред лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски (7%). Меѓу етничките албански политичари, пак, „трката“ е нешто потесна, иако Ахмети со 5,9% и Биљал Касами со 4,4% го предводат „дуетот“ во власта, пред опозиционерите Зијадин Села (4,1%) и Африм Гаши (0,4%). Редовниот политички барометар на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во Република Северна Македонија во пресрет на локалните избори, генерално, ги покажува ниските рејтинзи на политичарите, објави “Слободен печат”.

РЕАКЦИИ ЗА АНКЕТАТА НА БРИМА

Од СДСМ велат дека за првпат откако Брима ги прави својот политички Барометар, односно од 2005 година, ВМРО-ДПМНЕ има најслаб резултат на овие анкети.

„Тоа само потврдува дека граѓаните се силно против деструкциите, лажните вести и блокадите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните прават јасна разлика помеѓу одговорното, отчетно и домаќинско работење на СДСМ и деструктивното антинародно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните не сакаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат назад во времето на режимот, изолацијата и поделбите, граѓаните сакаат да продолжи развојот и напредокот на општините и државата со СДСМ“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ пушта наместени анкети преку агенцијата Брима, која патем, според опозицијата, агенцијата Брима Доо од Скопје, не е светски познатата Брима Галуп, туку фирма од Македонија која е основана токму од бугарскиот социолог Рајчев која спроведува анкети во континуитет по нарачка на Зоран Заев, а преку медиуми блиски до власта

„На јавноста добро и познато и е кој стои позади оваа агенција, главниот идеолог за отворање на бугарски универзитет во Македонија, Андреј Рајчев. А, зошто Бугарите форсираат дека Зоран Заев наводно ќе победи размислете сами“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЗАКАНИ И ОСУДА

Извесен Роберт Вретоски, преку Фејсбук му упати закани за убиство на синот на кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, доколку не ја повлече кандидатурата. Од ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека стои зад ваквите напади и закани.

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ, Горан Сугарески на својот Фејсбук профил истакна дека го осудува и е згрозен од објавениот Фејсбук статус на сметка на личната трагедија на кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески. Тој очекува надлежните институции да преземат итни мерки, да го откријат сторителот и најстрого да го санкционираат.

„Без разлика дали станува збор за вистински или лажен профил, како политичар, но пред сè како човек, најостро го осудувам крајно морбидниот и нехуман чин. Никој нема право да се изживува и да злоупотребува било чија лична трагедија за лични или било какви други интереси.

Во политиката, исто како и во животот, вели Сугарески, мора да постојат ,,црвени линии” кои не смее да се преминат. Ова се локални избори кои треба да претставуваат борба на идеи и концепти, а не полигон за дисквалификација на било кој кандидат, од било која политичка опција“, нагласува Сугарески.

КАНДИДАТИ ЗА ГРАД СКОПЈЕ: ДВЕ ЖЕНИ, МУЗИЧАРИ, АДВОКАТИ…

Државната изборна комисија на својата интернет страница ги потврди кандидатурите за градоначалник на Град Скопје, поднесени од 12 кандидати, додека за 45-те места во Советот на Град Скопје со свои листи ќе се борат 15 политички партии, коалиции и независни граѓански групи.

Противкандидати на актуелниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов кој ќе се бори за реизбор, како кандидат на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, а поддржана од ДУИ,  се и музичарот Перо Георгиевски – Камиказа, поддржан од Левица, Мунир Колашинац, претседател на Бошњачкиот демократски сојуз, кандидат на оваа партија, Славе Несторовски, кандидиран од ТМРО, екс пратеникот Љубомир Јосифовски поддржан од партијата Демократи, Горан Арсовски од Комунистичката партија на Македонија, Владимир Трајковски од партијата Родина, хирургот д-р Тодор Ношпал поддржан од Интегра, адвокатот Александар Тортевски од Твоја партија и музичарот Бени Шаќири, кандидиран од коалицијата „Движење одлучно за промени“.

СЛОГАН НА ДУИ

Демократската унија за интеграции (ДУИ) на овие локални избори ќе настапи под слоганот „Избери живот, Гласај Зелено“. Тие најавиле дека во општините каде што ќе победат ќе воведат целосна дигитализација на општините и ефикасна администрација.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ