„Според мене, 2017 година е значајна затоа што има огромни промени коишто се случија“, вели Денис Јанкуловски, активист на Шарената Револуција пред камерата на ЦИВИЛ Медиа, за Перспективи 2018.
„Промените коишто настанаа се значајни во поглед што веќе има судски процеси коишто веќе се започнати за коишто знаеме дека ќе траат долго. Значи не очекуваме дека нешто ќе биде преку ноќ направено, меѓутоа најбитно е што функционира правдата, функционира судскиот систем, се уште не целосно, но тоа е надежта. Промената настана и кај самите луѓе, кај нас обичните граѓани, коишто ја осетивме слободата, слободата на размислување, слобода во изразување, онаа долго очекувана слобода“, истакна Јанкуловски.
„Во однос на 2018 година прво посакувам здравје на сите. А за здравјето да биде како што треба, треба нели да функционира министерството за здравство. Второ, очекувам конкретни резултати, односно судски одлуки од сите овие рочишта коишто се закажани. Без разлика што гледаме како функционираат, гледаме дека има опструкции, опструкции од веќе обвинетите, коишто се очигледно доволно паметни и доволно обучени за да ги опструираат судските рочишта, меѓутоа полека се ќе си дојде како што треба. Во 2018 година очекувам влез или во НАТО или во Европската Унија и секако најголемото очекување е подобрувањето на животниот стандард кај граѓаните“, вели тој.
Овој разговор е дел од серијата видео-изјави под заеднички наслов „Перспективи 2018“ во кој учествуваа околу 20 врвни експерти и претставници на граѓанското општество. „Перспективи 2018“ е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Биљана Јордановска
Обработка на текст и фотографија: Маја Ивановска