Македонските бендови Anna O и YöU ќе настапат на 14 ноември, на Cinedays Festival of European Film, во МКЦ, со почеток од 23 часот.
Anna O се кочанско трио кое музички варира од меланхолично болни погледи до испакнати вени од агресија.
Чиста експресија која не нуди решение или излез од калта, но неуморно потсеќа дека е гадна и дека смрди.
Овој концерт воедно ќе биде и концертна промоција на нивниот нов албум „Гробот на еден робот“.
YÖU се емо / пост – хардкор тројка од Скопје подготвенa да ја плукнe повторно својата душа на сцена.
Билетите се по цена од 200 денари и можат да се набават преку продажната мрежа MkTickets или на билетарницата на МКЦ.
А. П.