• Latest

Антикорупциска бара Владата да го разреши Тозија за незаконски исплати за филмски проекти

July 24, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Антикорупциска бара Владата да го разреши Тозија за незаконски исплати за филмски проекти

July 24, 2020 14:24
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побара од Владата да го разреши пред истекот на мандатот в. д. директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, поради прекршување на процедурите во постапките согласно Законот за филмска дејност, кажа Владимир Георгиев од ДКСК на прес-конференцијата по завршувањето на 36 седница.

Aнтикорупциската комисија отвори три предмети за работата на Тозија. Првата истрага е за предвремената исплата на сите одобрени филмски проекти од Агенцијата. Предметот ја испитува законитоста на ургентното исплаќање на сите филмски проекти од страна на Агенцијата за филм во март на почетокот на коронакризата. За Тозија имаат добиено уште две пријави за кои се водат случаи, врзани со судир на интереси во Агенцијата и за Конкурсот за поддржани филмски проекти, кој беше објавен во јануари годинава, а за кој резултатите беа објавени завчера.

Образложувајќи го предметот кој бил формиран по наоди во медиумите и низа претставки и укажувања на Министерството за култура, Георгиев кажа дека согласно член 17 став 1 од Законот за спречување на корупцијата, покренуваат иницијатива за утврдување на одговорност на Тозија и дека Владата има рок од 60 дена да им одговори за оваа инцијатива.

Со мерката која Агенцијата ја најави на 24 март, за два работни дена исплатила вкупно 27 филмски проекти, како што соопшти тогаш, „кои се во поодмината фаза на реализација односно оние кои се завршени или се пред завршување“, „за да им се помогне на независните филмски работници (фриленсери) и продуцентските куќи“.

„Во врска со наводите за исплата на 27 филмски проекти кои биле во завршна фаза, побаравме целосна информација од директорот уште во мај и добивме листа со 29 филмски проекти, а истовремено од Министерството за култура добивме известување дека се исплатени 30-31 проекти. Конечно не може ни да се утврди колку фактички проекти биле исплатени во периодот помеѓу 20 и 23 март…“, додаде Георгеив.

Тој продолжи дека во медиумите беше исто така посочено од страна на директорот дека употребил една клаузула, односно член од самиот договор кој се потпишува меѓу филмските продуценти и Агенцијата, кој се однесува на состојба на виша сила кој  гласи: „Агенцијата нема да ја активира банкарската гаранција како и нема да го раскине договорот доколку продуцентот не одговори на обврските од овој договор поради причина на виша сила, т. е. ако исполнувањето на обврските станала невозможна поради вонреден настан кој се случил по склучување на договорот, а кој во моментот на склучување не можел да се предвиди ниту да се спречи, избегне или отстрани“.

„Ова не може да биде основ за вакво постапување на директорот, односно доделување на средства, затоа што се работи за една настаната ситуцаија во која се веќе доделени средствата за одредена фаза на реализацијата на проектот и за што веќе била приложена банкарска гаранција. Значи, не може да се споредат оваа одредба од договорот со она за секоја фаза на реализација на филмските проекти мора да се достави оваа банкарска гаранција“, истакна Георгиев.

Тој кажа дека дел од овие пријави се однесуваат и на неизборот на филмски проекти, т. е. објавување на резултатите од Конкурсот за поддршка на филмски проекти за 2020. Конкурсот беше објавен на 15 јануари, и наместо во април, резултатите беа објавени пред два дена.

„Поврзано со овие претставки се и наодите дека во Филмскиот совет во Агенцијата постојат ситуации на судир на интереси. Директорот на Агенцијата има надлежност да именува членови на Советот, а во исто време има надлежност да именува филмски рецезенти. Меѓу тие 5 членови на Советот, двајца имаат двојно именување, т. е два члена кои ги ги оценуваат проектите и даваат мислење на самите себе. Му кажавме на директорот дека тоа е недозволиво и дека е судир на интерес и неспоивост, чекавме долго за одговор и на 17 јули нè извести дека ги разрешил двајцата членови. Со оглед на тоа дека долго време чекавме, сепак одлучивме, за што ни дозволува Законот, да поднесеме прекршочен платен налог до директорот поради доцнење на одговорот“, кажа Георгиев.

Камера и монтажа: Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ