• Latest

Антикорупциска: Патувањето на сопругата на Гаши во Вашингтон и вработувањето на сестрата на Љутков е законско

February 21, 2025

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Антикорупциска: Патувањето на сопругата на Гаши во Вашингтон и вработувањето на сестрата на Љутков е законско

February 21, 2025 15:06
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Патувањето на сопругата на собранискиот спикер, Африм Гаши во Вашингтон со пари од буџетот на Собранието и вработувањето на сестрата на министерот за култура, Зоран Љутков во Народниот музеј во Велес за Државната комисија за спречување на корупцијата е законско. Ова беа само дел од одлуките на Комисијата која на денешната седница реферираше многу предмети, а за речиси сите се прогласи за ненадлежна или ги затвори.

За предметот за сопругата на Гаши ДКСК донесе одлука за запирање на постапката по пријавата за незаконска исплата на трошоци за патување во странство на сопругата на претседателот на Собранието Африм Гаши, бидејќи не биле потврдени и утврдени повреди на одредби од законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Членот Сервет Демири на 15 седница на која се расправаше за овој случај побара да се достави препорака за доуредување на упатството на собранието кое ги регулира службените патувања со одредби по примерот на Кодексот на Владата за етичко однесување. Комисијата утврди дека актуелното Упатство за реализирање на службени патувања во странство, содржи правна празнина и недореченост. Ова беше една од причините партијата Левица да поднесе интерпелација во Собранието против Гаши.

Пријавата која ДКСК ја разгледуваше се однесува на покривање на трошоци за патување реализирано во период од 8 јули до 11 јули 2024 година на парламентарниот самит на НАТО во Вашингтон (САД). Членот на ДКСК, Сервет Демири посочи дека со пријавата биле доставени патни сметки без да биде наведено на кое лице се однесуваат. Тој потврди дека од Собранието на РСМ е доставена документација (покана, решение за патување, финансиска конструкција за патувањето, копија од дипломатска патна исправа и соодветна виза) кои биле разгледани.

-Утврдено е дека сопругата на претседателот патувала во странство, како дел од делегацијата, врз основа на решение донесено од секретарот на собранието. Анализата покажа дека трошоците се покриени од буџетот на собранието и дека постоела програма за брачните партнери и дека тоа е вообичаено при вакви настани – рече Демири.

Според него, за носителите на оваа функција треба да се применуваат истите стандарди како и за ПВРСМ (премиерот) како носители на највисока функција на извршната власт кои се содржани во донесениот Кодекс за етичко однесување за членовите на владата и носителите на јавните функции именувани од страна на владата донесен на седницата на 22.09.2020 година. Во него предвидено е, и дозволено со државни средства да бидат покриени трошоците за брачниот другар/другарка кога патуваат како дел од официјална делегација.

-Во таа насока, ДКСК препорачува Собранието да поведе инцијатива за дополнување на споменатото упатство и да се предвиди изрична одредба за регулирање на ваквите случаи, по примерот на кодексот на владата. Со оваа измена ќе се постигне правна усогласеност и јасност во постапувањето и ќе се спречи различно толкување на одредбите во иднина – рече Демири.

ДКСК утврди дека наводите од пријавата за сопругата на спикерот Гаши не се потврдени и дека не се утврдени повреди на одредбите од Законот за спречување корупција и судри на интереси поради што нема основ за натамошно постапување. По постапката е утврдено дека постојниот акт Упатство за реализирање на службени патувања во странство, содржи правна празнина односно недореченост.

Препорката на ДКСК до Собранието е да се покрене иницијатива за дополнување и треба да се одреди изрична одредба за регулирање на ваквите случаи по примерот на Членот 19 став 4 од Кодексот за етичко однесување на членовите на владата и носители на јавни функции кој дозволува покривање на трошоците за брачниот другар на ПВРСМ при службено патување. Со оваа измена, смета Демири ќе се обезбеди правна усогласеност и јасност во постапувањето во идентични ситуации.

Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси на денешната седница ја отфрли и пријавата против министерот за култура и туризам Зоран Љутков која се однесуваше на вработување на неговата сестра.

Во реферирањето на случајот со вработувањето Народниот музеј во Велес беше наведено дека Љутков не можел да влијае или да биде вклучен во постапката за вработување, со оглед дека основач на установата Народен музеј е општина Велес и таа е под ингеренции на локалната самоуправа.

Меѓу останатото на седницата беше кажано дека сестрата на министерот Љутков е вработена со договор на дело, а не како што е наведено во пријавата на неопределено време, а со тоа и постапката за нејзино ангажирање не била повредена.

Ова беа главните аргументи врз основа на кои ДКСК изгласа одлука за запирање на постапката против министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Извор: Слободен печат

Фото: ДКСК принтскрин

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ