„Јовески, до кога ќе го криете писмото со кое катица ви даде незаконска наредба“, пишуваше на платното со кое пратеникот Антонијо Милошоски се обиде да направи герила акција за време на јавната расправа во Собранието која се однесува на Законот за Јавно обвинителство.
Додека зборуваше јавниот обвинител Љубомир Јовески, од галеријата на салата „Борис Трајковски“ беше пуштено платното со написот, по што сторителите беа отстранети од страна на обезбедувањето.
Јовески истакна дека со законот се решава статусот на прислушуваните разговори, како и дека законите ги носат политичарите, но не за себе, туку за граѓаните…
„Предложените решенија ја зацврстуваат самостојноста на обвинителството“, дециден е Јовески.
М. И.