• Latest

Антеска: Потребна е деполитизација на целото општество!

February 12, 2018

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Антеска: Потребна е деполитизација на целото општество!

February 12, 2018 16:34
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со уредничката и новинарка од Гостивар, Љупка Антеска за слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот.

ЦИВИЛ Медиа: Што за Вас претставуваат медиумските слободи и слободата на изразување?

Антеска: Лично за мене слободата на изразување претставува основен услов за да можам да функционирам. И тоа е веројатно најмногу заради мојата професија. Сметам дека ако луѓето и воопшто медиумите не зборуваат за неправдата и ако затвораат очи пред проблемите тогаш работите не можат да се придвижуваат кон подобро. А на светот, без разлика дали зборуваме за светот како целина, или за една држава, за еден град, макар и за едно семејство, секогаш му се добредојдени промени кон подобро.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин придонесувате или можете да придонесете во борбата за слободни медиуми?

Антеска: Таква е и мисијата на медиумите, или барем, таква треба да биде мисијата на медиумите и новинарите, отворено да зборуваме и да укажуваме на она што не чини. Заради тоа што не е во ред да прогледуваме низ прсти за пропустите, затоа што на тој начин не можеме да помогнеме. Значи, најнапред треба објективно да се гледа на работите за да можеме на јавноста да и го пренесеме онака како што е. Јас и моите колеги во Гостивар може да се пофалиме дека по објавувањето на одредени проблеми, коишто на изглед можеби не се толку големи, надлежните се мобилизираат и го решаваат проблемот. Почнувајќи од малите работи па стигнуваме до големите.

ЦИВИЛ Медиа: Дали Вие како новинар до сега сте се соочиле со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќ и како се справувате со истите?

Антеска: Јас сум новинар во Гостивар 14 години. До сега не сум имала некои сериозни закани. Меѓутоа, притисоци, непријатни коментари и реакции секако дека сум имала. Јас често пати знам да кажам дека директорите на Комуналец ги паметам по неколку работи. Едниот реагираше зошто сме пишувале дека шахтите се опасност за минувачите. Друг, пак, реагираше зошто сме пишувале дека нивните возила се технички неисправни. Третиот го паметам по коментарот ‘Зошто да пишуваме дека нема вода, вода има’, а во половина град чешмите беа суви. Тоа се такви работи со кои секојдневно се соочуваме и се научивме да се справуваме.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се Вашите препораки во контекст на борбата за слободни медиуми?

Антеска: Дека треба да се менуваат работите, навистина треба. Меѓутоа не сум сигурна дека сум преголем оптимист. Затоа што сметам дека прво мора да се направи деполитизација на се во Македонија, затоа што луѓето тука се гледаат низ призмата на политиката. Не размислуваат со своја глава, немаат свој став. Мислам дека родителите треба да работат повеќе со децата, уште од мали да ги учат, да градат свој став, да имаат свое мислење, да креваат рака во училиште… Да се научат дека во животот треба да изградат свој став, свое мислење, коешто понатаму нема да се плашат и нема да им пречи самите да си дозволат да имаат слобода на изразување.

Маја Ивановска
Камера: Атанас Петровски
Фотографија: Вулнет Махмути


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: интервјуЉупка АнтескаМедиумимедиумски слободислобода на изразување
Share161Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ