• Latest

Апасиев повикан во ОЈО за ширење расна, верска и етничка омраза и нетрпеливост

September 16, 2020
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Апасиев повикан во ОЈО за ширење расна, верска и етничка омраза и нетрпеливост

September 16, 2020 12:31
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска бил повикан во Основното јавно обвинителство по три кривични пријави против него, под сомнеж за сторено кривично дело „ширење на расна, верска и етничка омраза и нетрпеливост“.

„Симптоматично е што поканата ми беше доставена по полиција, наместо преку нормални канали на комуникација. Ова го сфаќам како форма на политички притисок врз мене бидејќи сега Левица станува фактор на политичката сцена. Пријавители се Мерсиха Смаиловиќ, Тања Милевска и Хелсиншкиот комитет за човекови права и едно известување за сторено наводно кривично дело од страна на МВР, се однесува на два фејсбук статуса и еден твитер статус“, рече Апасиев.

Одбраната, како што соопшти, беше изложена, и најави дека наредната недела ќе поднесе кривични пријави против пријавителките за загрозување на сигурноста, бидејќи во коментарите на неговите Фејсбук статуси имало закани по неговиот и по животот на неговото семејство.

„Очекуваме дека Обвинителството ажурно ќе постапи вака како што постапува за мене и во случаите кога во наредната недела, јас ќе поднесам кривични пријави за загрозување на сигурноста бидејќи во тие статуси, особено кај една од пријавителките, има закани по мојот живот и по животот на моето семејство. Очекувам Обвинителството да биде вака ефективно и за оние кои вечерта пукаа со калашникови и како оние што на секој втор збор се закануваат со војна особено од албанскиот политички националистички кампус“, изјави Апасиев.

Тој очекува ОЈО да ја отфрли оваа кривична пријава, по што, како што најави, ќе следува контра пријава од негова страна, ако треба и до Стразбур.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ во повеќе наврати ја алармираше јавноста за ширењето говор на омраза од страна на Апасиев, како и неговите пријатели и поддржувачи, коишто на оркестриран начин за време на предизборната кампања, и по изборите, не престануваа со споделување содржини со говор на омраза и сеење нетрпеливост.

Мониторинг тимот на Цивил во текот на изборниот процес разобличи повеќе мрежи на лажни профили за кои е утврдено дека се партиски ботови, коишто организирано и оркестрирано шират говор на омраза и лажни вести. На социјалната мрежа Твитер, платформа која овозможува анонимно пласирање и споделување на информации, оваа мрежа, истовремено споделува содржини со поддршка и за ВМРО-ДПМНЕ и за Левица.

Цивил  ги повикува надлежните институции да се ангажираат максимално во спречувањето на ширење на овој тип на оркестриран говор на омраза, и да ги санкционира соодветно. Говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено, и треба да се искорени.

На новинарско прашање, Апасиев одговори  дека дури и по цена да биде „влечен по судови“ нема да престане со неговиот стил на изразување.

Д. Т.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ