Во согласност со донесените вонредни рестриктивни мерки од страна на Владата на Република Северна Македонија со цел спречување на ширење и сузбивање на зараза од Коронавирусот COVID-19, Фондот за здравствено осигурување по добиените сознанија до сите осигуреници и здравствени работници упатува апел:
– Да се применува примарно телефонска и електронска комуникација помеѓу осигурениците и здравствените установи, освен при неодложна здравствена потреба.
– Осигурениците да ги почитуваат стручните препораки кои ги добиваат од матичните лекари според здравствените потреби за зачувување на здравјето и за правилно лекување.
– Да не се бара упатување и да не се посетуваат специјалистите заради продолжување на хроничната терапија, бидејќи сите специјалистички извештаи, конзилијарни мислења и отпусни писма издадени во 2019 година ќе важат до завршување на важење времените мерки.
Осигурениците да не инсистираат и да не бараат матичните лекари да им пропишуваат лекови на рецепт без медицински индикации (по нивна желба и кои не им се потребни).
Осигурениците да ги почитуваат стручните фармацевтски препораки кои ги добиваат во аптеките за начинот на правилна употреба на лековите и другите фармацевтски или медицински производи кои ги користат.
– Осигурениците да не купуваат лекови непотребно, односно да не прават непотребни залихи на лекови во нивните домови.
– Да не се посетуваат масовно аптеките и матичните лекари особено не во првите денови од месецот бидејќи лекови на рецепт на товар на Фондот има во доволни количини во промет одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства.
– Да се однесуваме сите одговорно и без паника со што ќе го заштитиме нашиот здравствени систем, а со тоа и сите нас како граѓани на РСМ.
Само со заеднички напори може да се обезбеди поквалитетна здравствена заштита за сите, апелираат од Фондот.