• Latest
Фотомонтажа:Д. Мишев / ЦивилМедиа

Архиепископот Стефан му честиташе на новиот, проруски бугарски патријарх Даниил, братски ќе сослужуваат на браникот на Московската патријаршија

July 2, 2024

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Архиепископот Стефан му честиташе на новиот, проруски бугарски патријарх Даниил, братски ќе сослужуваат на браникот на Московската патријаршија

July 2, 2024 13:47
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Фотомонтажа:Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа:Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Архиепископот Стефан од Свое и од името на архиереите, чесното свештенство, преподобното монаштво и верниот народ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, му го честиташе изборот за нов патријарх на Бугарската православна црква (БПЦ) и митрополит софиски на патријархот Даниил и му посака мирно и плодородно првојерархиско служење.

Митрополитот Даниил Видински кој се смета за проруски ориентиран, близок со Москва, беше избран за нов патријарх на БПЦ и митрополит софиски во неделата, 30 јуни, од делегатите на Патријаршискиот изборен црковен собор по вториот круг на кој противкандидат му беше митрополитот врачански Григориј.

Архиепископот Стефан, кој во честитката се претставува како собрат и сослужител пред престолот Божји со патријархот Даниил, го нарече софискиот митрополит „богољубив, правдољубив и ревносен Архипастир исполнет со ревност кон Божјото слово, грижлив Патријарх кој внимава на чистотата на православната вера, но и смирен молитвеник за богомдоверената му паства“.

Колку овие фалоспеви за новиот бугарски патријарх од устата на македонскиот архиепископ Стефан кореспондираат со делувањето на Даниил од позицијата која ја претставува, може да се согледа од неговиот став кон целосната руска агресија на Украина, каде тој ја нарекува Украина агресор и, исто така, посочува дека Украина е креација на Ленин.

Богољубивоста и правдољубивоста, и особено молитвената смиреност, епитети со кои го почести г.г. Стефан,  Даниил ја покажа, исто така, кога го критикуваше затворањето на Руската црква во Софија минатата година и изрази револт по одлуката да се протера нејзиниот поглавар, архимандритот Васијан и уште двајца свештеници под сомнение за шпионажа. Прогласување на руски свештеник, кој очигледо не бил редок гостин во МПЦ,  се случи и во нашата земја, но изостана јавно изјаснување по ова прашање од страна на великодостојниците на МПЦ-ОА,  како што пишуваше претходно Љубомир Костовски во анализата за ЦИВИЛ Медиа.
Честитките на Архиепископот на МПЦ-ОА за изборот на бугарскиот патријарх доаѓаат во време на судир меѓу вселенскиот патријарх Вартоломеј и Руската православна црква, која тој отворено ја критикува за споделување на одговорноста за руската војна во Украина, а рускиот патријарх Кирил отворено ја поддржува воената агресија на Москва. Не случајно, осуда на руската агресија и на поддршката за неа од страна на московското свештенство не дојде ниту од стана на МПЦ-ОА, напротив.

Даниил Видински јавно го нападна Вселенскиот патријарх и го поддржа ставот на Московската патријаршија по одлуката на Вселенскиот патријарх во 2019 година да и даде автономија на Православната црква на Украина, која Московската патријаршија не ја признава. Дали ова беше поведението по кое г.г. Стефан се нарече собрат и сослужител пред престолот Божји со патријархот Даниил, кого најверојатно го гледа како помагател во спротивставувањето на наводните поставени неприфатливи услови на Вселенската патријаршија до МПЦ-ОА,  откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора (за овие наводни барања, неколку други свештеници на МПЦ – ОА се изјаснија дека не кореспондираат со вистината) и, замислете, признавање на Православната црква на Украина. Цариградската патријаршија бара да одржиме заеднички молебен со претставниците на Украинската православна црква и тоа го третира како некакво меко признание кое вистинското го одложува на подолг рок, а кое нашата црква, заглавена во Бермудскиот триаголник на Кремљ и Руската православна црква, тоа го одбила.

Тоа што постојат очигледни паралели помеѓу непризнавањето на Украинската православна црква од страна на Московската патријаршија и непризнавањето на МПЦ-ОА од страна на БПЦ, како и помеѓу тврдењата на Кремљ дека Украинците се творевина на Ленин и негаторските бугарски ставови дека македонската нација е творевина на Тито, за мирополитот македонски не се пречка да го поздрави изборот на својот проруски ориентиран бугарски собрат.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: бугарски патријарх Даниил Видинскиг.г. СтефанМосковска патријаршијапатријарх на БПЦУкраинска православна цркваЦариградска патријаршија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ