• Latest
Фото: МО

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025
Фото: Х

Полскиот министер за надворешни работи му порача на Илон Маск: „Оди на Марс“

December 7, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот во Вилнус повторно ги прекина летовите по појавата на белоруски балони, трет пат оваа недела 

December 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Во пожар во ноќен клуб во Гоа загинаа 25 лица

December 7, 2025

ЦИВИЛ: Демократијата преживува само кога активно се брани

December 6, 2025

Мигрантски кампови повторно на политичката сцена – дали Мицкоски ја продава Северна Македонија за пари?

December 6, 2025
Фото: ВИ

Чучуљ најавува „немилосрдно“ следење на корупцијата кај власта и опозицијата

December 6, 2025

Нова бомба на СДСМ: Семејна фирма на Томовски „чисти“ 5,5 милиони евра од буџетот!

December 6, 2025

КФОР ги зголемува патролите низ Косово

December 6, 2025
Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ

Конгрес без дилеми: Мицкоски сам во трка за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

December 6, 2025

(ЕКСКЛУЗИВНО) Стево Пендаровски (3): Безмилосно остра дијагноза за безбедноста, одбраната, капацитетите, политичката волја и правецот на државата

December 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33. роденден на македонската Армија.

August 18, 2025 08:57
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Фото: МО

Фото: МО

Share on FacebookShare on Twitter

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33. роденден на македонската Армија. Повеќе од три децении исполнети со посветеност, пожртвуваност, знаење, храброст и одлучност во служба на Татковината ќе бидат одбележани со пригодна програма и присуство на високи државни и воени претставници.

Како што пренесува МИА, според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На централната свеченост ќе бидат построени и новопромовираните 26 потпоручници и 149 подофицери.

За време на централната свеченост, претседателката Сиљановска-Давкова, како што соопшти Генералштабот на Армијата, ќе го одликува со „Орден за воени заслуги“ Центарот за обука на питомци и офицери, кој е дел од Командата за обука и доктрини.

На свеченоста се очекува да присуствуваат претседателот на Собранието, Африм Гаши, министри во Владата, пратеници во Собранието, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, пензионирани генерали, високи гости од повеќе институции во Републиката, воено-дипломатскиот кор во Република Северна Македонија и други.

 

За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Процесот за формирање на современата македонска Армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.

Македонската Армија денес е составен дел од најголемиот колективен безбедносен систем откако Република Северна Македонија во март 2020 година стана 30 полноправна членка на НАТО.

Tags: 33. роденден на македонската АрмијаДен на АРМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • ЕКСКЛУЗИВНО — Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ