• Latest

Армијата тивок дипломат кој ја обезбеди поканата за НАТО

August 18, 2018
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
Скриншот од видео на
Times News

Украина не треба да му дава ништо дополнително на „терористиот“ Путин- изјави Зеленски, додека Трамп вели дека Путин „ќе земе нешто“

October 20, 2025
Газа. Фото: Х

Примирјето во Газа го преживеа првиот голем тест, Израел и Хамас ја потврдуваат посветеноста на договорот

October 20, 2025
Фото: ДИК

ВМРО-ДПМНЕ во првиот имаат 32 градоначалници, СДСМ 3, ВЛЕН 5, а НАИ 4; Ѓорѓиевски и Мециновиќ во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје

October 20, 2025

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка

October 19, 2025
Илустрација ВИ

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Гласањето заврши без поголеми неправилности, почнува броењето

October 19, 2025
Онлајн прес конференција на ЦИВИЛ во 18 часот, 19 окт. 2025 (фото: Б. Тахири/Фронтлајн)

Прес на ЦИВИЛ во 18 часот: Зголемена активност на партиски активисти, сомнежи за поткуп на гласачи, ЦИВИЛ со остар протест поради попречувањeто на набљудувачите

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Армијата тивок дипломат кој ја обезбеди поканата за НАТО

August 18, 2018 17:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесет и шест години Армијата на Република Македонија ја обезбедува нашата држава, ја брани сигурноста на нашите граѓани, и помага секогаш кога тоа е потребно. АРМ е институција во која граѓаните имаат секогаш најголема доверба, тие се тука секогаш кога е тешко и им помагаат на граѓаните кога има проблем, а во светот секаде ни го обелуваат образот.

Ова денеска го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Отворениот ден на АРМ за граѓаните по повод Денот на Армијата на Република Македонија – 18 Август.

АРМ дефиле 3

– АРМ беше најголем тивок дипломат кој во позадина ја обезбеди нашата покана за членство во НАТО. И затоа денеска сме тука за да им оддадеме почит и признание на сите жени и мажи припадници на Армијата – од војници, подофицери и офицери, до највисоките старешини, генерали и началници, за се она што го направиле за Македонија, изјави Шекеринска за медиумите на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, каде што денеска се одржа Отворен ден за граѓаните по повод годишнината на АРМ.

Таа истакна дека Армијата постои за граѓаните и изрази задоволство што голем број граѓани го прифатиле повикот на АРМ да дојдат денеска на отворениот ден и да ја видат опремата, луѓето и вештините што ги имаат и да бидат сигурни во својата татковина.

изјава шекеринска

Рече дека годинава како Министерство не се сконцетрирале само на прашањето за поканата за членството во НАТО.

– Армијата долго време е занемарена и заборавена и мора да се врати со конкретни чекори. Оваа година Владата обезбеди 15 проценти зголемување за вкупниот буџет за одбраната. Обезбедивме, по многу години, првпат зголемување на платите на сите припадници на АРМ за 10 отсто, и нешто што беше најавувано и никогаш нереализирано обезбедивме првпат исплата на јубилејната награда на сите оние кои над 15 години се во служба на Армијата, што години со ред не било исполнувано, рече Шекеринска.

АРМ дефиле 2

Повтори и дека е обезбедно и враќање на исплатата на дежурства за сите припадници без исклучок на Армијата, како и средства во буџетот за набавка на униформи и чизми за сите припадници на Армијата.

Најави дека во тек се набавки на невоени возила и инженерски машини, кои, како што кажа, многу ќе го зголемат капацитетот на Армијата особено за поддршка на цивилните институции, а се очекува до крајот на следниот месец да се заврши и ремонтот на сите хеликоптери.

– Владата во стратешкиот одбранбен преглед зеде обврска секоја година да ги зголемува средствата за одбрана за 0,2 проценти и веќе планираниот биуџет што е доставен до Министерството за финансии подразбира почеток на нававка на оклопни транспортери, како и следни чекори во делот на модернизацијата, рече министерката за одбрана, истакнувајќи дека следната година оклопните транспортери ќе бидат клучниот проект.

АРМ дефиле 1

Најави и подобрување на компјутерскиот систем и неговата заштита, бидејќи, како што рече, не можете да бидете членка на НАТО, ако не ја гарантирате безбедноста на информациите.

Шекеринска рече и дека е распишан конкурс за полковник кој ќе биде испратен да биде највисоко позициониран во нашето воено претставништво во Брисел, и оти мисијата се засилува дополнително и со уште еден офицер и со дополнителни државни службеници кои ќе бидат советници во мисијата.

– Очекуваме дека во текот на оваа и следната година минимум од десет офицери и државни службеници ќе го засилат нашето присуство во Брисел и во Монс, рече таа.

АРМ дефиле 5

По повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Македонија – 18 Август денеска на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје беше поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ, збогатена со голем број активности на припадниците на Армијата.

Граѓаните го посетија тактичко-техничкиот збор, каде имаа можност покрај материјално-техничките средства, борбените возила и вооружувањето на АРМ, да се запознаат и со армискиот хеликоптер Ми-8/18.

Беа прикажани и борбени вештини на припадниците од баталјонот за специјални намени „Волци“ ,точката „Егзирцир“ на баталјонот за почести, прелетот на хеликоптерот Ми-8/18, приказот на обученост на службените кучиња на АРМ и изведбите од воениот оркестар.

АРМ ДЕФИЛЕ 7

Посетителите имаа можност да дегустираат војнички приготвен грав од припадниците на логистичката бригада и да проверат крвен притисок од страна на припадници на Воено-медицинскиот центар.

На Отворениот ден на АРМ и Канцеларијата на НАТО во Скопје имаше свој штанд, на кој граѓаните можеа да се информират што е НАТО.

Во рамки на одбележувањето на Денот на АРМ вчера во Министерството за одбрана се одржа централна свеченост на која говореа претседателот и врховен командант на оружените сили Ѓорге Иванов, министерката Шекеринска, а беа доделени одликувања, унапредувања, благодарници и награди за припадниците на АРМ.

Примопредавање началници на АРМ - прослава на АРМ

На церемонијата беше извршено примопредавање на функцијата началник на Генералштаб на Армијата. Досегашниот Методија Величковски е заменет со генерал-мајор Васко Ѓурчиновски. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    173 shares
    Share 69 Tweet 43
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ