Иницијативата за позелен Аеродром вчера попладне во паркот зад Мајчин дом одржа симболичен протест против изградба на уште една висококатница во општината.
Од иницијативата велат дека овој протест ќе прерасне во традиција, секој петок во 17 часот.
Во меѓувреме додека траеше вчерашниот протест, градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, телефонски исконтактирал со еден од организаторите, извинувајќи се затоа што не успеал да стигне на време и ги поканил организаторите од понеделник да закажат средба во општината.
„Нашите барања се едноставни, не сакаме и понатаму да се задушува овој простор кој и онака е пренатрупан, ни останаа уште малку паркови и зеленило. Да не дозволиме и тие да се уништат“, велат од иницијативата.
К. С.