• Latest

Арсовски: Владата изминатите пет години ја врати слободата во општеството и вербата во институциите

April 20, 2022

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Арсовски: Владата изминатите пет години ја врати слободата во општеството и вербата во институциите

April 20, 2022 14:03
in Uncategorized, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите пет години Владата успеа да ја врати слободата во општеството, вербата во институциите и да ја зајакне меѓусебната граѓанска почит, изјави на денешната прес-конфереција владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за најновиот извештај на „Фридом хаус“ за напредокот на нашата држава.

– Република Северна Македонија продолжува да гради слободно и демократско општество, во кое на прво место се почитувањето и заштитата на правата на секој граѓанин, додаде Арсовски. 

Тој нагласи дека овој Извештај се однесува на подолг период, односно опфаќа и дел од периодот пред 2017 година, пред формирањето на Владата предводена од СДСМ, кога, како што рече, сите бевме сведоци дека имавме сериозни назадувања во политичките процеси, предавањето на власта и во справувањето со корупцијата.

Арсовски посочи на подобрениот рејтинг на владеењето, кој според Извештајот е бележи раст.

– Дополнително Република Северна Македонија е посочена како земја која го има задржано либерално демократскиот развој во 2021. Остануваме на целта за постигнување подобри резултати и обезбедување на општество во кое се почитуваат граѓанските вредности, права и слободи, нагласи Арсовски.

Невладината организација „Фридом Хаус“ објави извештај за состојбата со демократијата во 29 земји во транзиција насловен „Земји во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“.

Оваа година, првпат во 21. век, форма на управување што преовладува во регионот на нации во транзиција е хибриден режим. Четири демократии паднаа во оваа сива зона откако непрекинатиот период на демократски пад започна во 2004 година: Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Во истиот период три авторитарни режими направија демократски чекори и се приклучија во редот на хибридни режими: Молдавија, Косово и сега Ерменија, се вели во извештајот, пренесува Гласот на Америка.

На скалата од еден до седум, каде еден е најниско ниво на демократски прогрес, а седум највисоко, Република Северна Македонија е рангирана со оценка од 3,5 за демократско владеење, 4,25 за изборен процес, 5,25 за граѓанско општество, 3,25 за независни медиуми, 3,25 за независно судство, додека 3,00 за корупција. Генералната оценка за демократски прогрес изнесува 3,82 или 47 проценти.

Одговрајќи на новинарско прашање, Арсовски рече дека по информациите за олеснувања на мерките за заштита против Ковид-19 многу брзо и прес-конференциите и другите настани во Владата ќе бидат организирани со физичко присуство. Се уште останува можноста да се следат онлајн прес-конференциите преку платформата „ЗУМ“. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ