• Latest

Артан Груби нема сестра, туку двајца браќа, а осомничениот е пронајден!

September 3, 2020
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Артан Груби нема сестра, туку двајца браќа, а осомничениот е пронајден!

September 3, 2020 21:59
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Споменатиот вицепремиер Груби не е во блиско ниту подалечно сродство со еден осомничен за убиството на младо момче од Скопје, кој, патем, по потерница од МВР бил пронајден и приведен во Германија.

Пост со вистинска фотографија, но со неточни тврдења, е објавен на Фејсбук неодамна, при што стана исклучително вирален (погледнат и споделуван), со што постои потенцијална опасност реалниот говор на омраза што го предизвикува, да прерасне во насилство од омраза:

(врз фотографијата од трето осомничениот пишува):

Ова е Јетон Љужа, убиецот на Саздо и внук од сестра на Артан Груби. Уште не е најден!!

Според достапните податоци, овој пост е објавен на 1 септември 2020 г. во попладневните часови и во рок од 24 часа го виделе 18 илјади луѓе, а е споделен дури 174 пати само од профилот на авторот на постот.

Тврдењата во постот се ЛАГА. „Вистиномер“ го провери најпрво тврдењето дека станува збор за лице, „внук од сестра на Артан Груби“, кој во моментов е тазе вицепремиер во Владата на Зоран Заев. Од два независни извора, еден семеен, близок до семејството Груби, како и еден упатен новинарски извор, дознавме дека Артан Груби нема сестра. Според нашите извори, тој има двајца браќа, еден помал и еден постар, кои работат во приватен сектор, во компании, едната поврзана со сообраќај, другата со туризам.

Второто тврдење што го истражувавме беше „уште не е најден“. Според проверка по интернет, Јетон Љужа е најден и се наоѓа во Германија. Имено, по објавувањето на меѓународна потерница од страна на МВР, а по налог на Јавното обвинитлство на 27.07.2018 година, на 22.11.2019 година медиумите објавија дека во Хамбург во Германија бил уапсен третосомничениот за убиството на Никола Саздовски, повикувајќи се на „извори на истрагата“ и на соопштение на МВР.

Според извори од судско обвинителската фела, Љужа „се уште не е екстрадиран и постапката за испорачување тече“.

Инаку по покренато обвинение од страна Јавното обвинителство имаше судење во Кривичниот суд во Скопје, по што две лица беа осудени во прв степен на по 19 години затвор.

„Вистиномер“ се реши на проверка на факти во овој пост затоа што тој во себе носи говор на омраза базиран врз лага. Го постира лице кое се претставува за етнички Македонец, се однесува на лица кои се осудени за убиство во прв степен, а се чека екстрадиција на трето, сите етнички Албанци. Притоа, на ваквото лажно тврдење за третото лице се надоврзува и се чини дека е основна цел на лагата, вицепремиерот Артан Груби, кој е познат по поврзаност со навивачката фудбалска група на која припаѓале осудените и осомничениот. Вака спакувана лага го шири говорот на омраза врз етничка и политичка основа и е потенцијална закана за криминал, насилство од омраза.

Извор: ВИСТИНОМЕР

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ