Директорот на Агенцијата за управуваање со одземен имот, Фатон Асани, ги отфрла како невистини написите во дел од медиумите, во кои се вели дека во време на економска и здравствена криза, Владата се подновила со со нов мерцедес.
– Точно е дека Оливер Спасовски е единствен премиер во регионот кој се вози во одземено возило, додека други функционери од државните во регионот такво нешто не ни помислуваат. Точно е дека и Зоран Заев додека беше премиер, извесно време и тој се возеше во одземено возило, кое не беше купено 600 илјади евра и немаше монитори на задните седишта, туку беше донирано од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, вели Асани.
Директорот Асани истакнува дека институцијата со која раководи во нецели 3 години откако СДСМ е на власт, има донирано над 600 возила на државни институции, потенцирајќи дека за разлика од претходната власт која од 2009 до 2017 година, односно за 8 години, не донирала ниту 300 возила.
– Колку да не се седи бадијала, некој смислува неосновани маани и удира во празно! – пишува Асани на неговиот фејсбук профил.
П. К.