• Latest

„Атлас на цивилното општество“: Само 3,5 отсто од светското население има целосна слобода на изразување, Северна Македонија е класифицирана во групата на „загрозени“

June 11, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

„Атлас на цивилното општество“: Само 3,5 отсто од светското население има целосна слобода на изразување, Северна Македонија е класифицирана во групата на „загрозени“

June 11, 2025 10:49
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Само 3,5 проценти од светската популација живее во земји каде што е загарантирана целосна слобода на изразување и собирање, се наведува во извештајот „Атлас на цивилното општество за 2025 година“ на германската лутеранска хуманитарна организација „Леб за сите“.

– Спротивно на ова, 85 проценти од светската популација живее во земји каде што граѓанското општество е ограничено, потиснато или затворено, што влијае на речиси седум милијарди луѓе. Нивните влади сериозно ги ограничуваат граѓанските слободи и ги малтретираат, апсат или убиваат критичките гласови, се вели во извештајот изработен врз основа на податоците на Цивикус Монитор, истражувачка алатка за состојбата на граѓанското општество и слободи на меѓународната непрофитна организација „Цивикус“.

Со извештајот се опфатени 197 земји и територии, кои се класифицирани во пет категории: „отворени“, „загрозени“, „ограничени“, „потиснати“ и „затворени“.

Земјава е класифицирана во групата на „загрозени“ заедно со 42 други држави во кои живеат 11,1 проценти од светското население, меѓу кои и Австралија, Албанија, Бугарија, Германија, Италија, Косово, Полска, Романија, САД, Франција, Хрватска, Црна Гора и Шпанија.

За овие земји се вели дека во голема мера им е дозволуваат на поединците и организациите на граѓанското општество да ги остваруваат своите права за слобода на здружување, собирање и изразување.

– Сепак, се уште има случаи на кршењата на овие права. На пример, има случаи каде организациите кои се сметаат за критични кон властите се потиснувани. Демонстрациите понекогаш се забрануваат од страна на властите, поради, како што се наведува безбедносни причини. Целосната слобода на печатот е ограничена или со строга регулатива или со политички притисок, се наведува во извештајот за оваа категорија земји.

Во групата на „отворени“ спаѓаат 40-тина земји со само 3,5 отсто од глобалното население, меѓу кои се и Австрија, Јапонија, Канада, Нов Зеланд, Португалија, Словенија, Чешка, Швајцарија, како и нордиските и балтичките држави, кои им овозможуваат и гарантираат граѓански слободи на сите луѓе.

– Луѓето можат да формираат здруженија без законски или практични бариери, да демонстрираат на јавни места, да добиваат информации и да ги шират. Властите се отворени за критики од организациите на граѓанското општество и обезбедуваат платформи за интензивен и конструктивен дијалог со граѓаните. Демонстрантите генерално се заштитени од полицијата, а законите што го регулираат правото на собирање ги исполнуваат меѓународните стандарди. Постојат слободни медиуми, содржината на интернет не е цензурирана, а владините информации се лесно достапни, се вели во извештајот.

Во категоријата на „ограничени“ се вклучени 35 држави во кои живее 12,9 проценти од светското население, меѓу кои се и Босна и Херцеговина, Бразил, Велика Британија, Грција, Србија, Украина и Унгарија, во кои властите го ограничуваат слободното остварување на основните права, преку комбинација од законски и практични мерки.

– Ова значи дека иако постојат организации на граѓанското општество, државните власти се обидуваат да ги поткопаат преку надзор и вознемирување. Граѓаните можат мирно да се собираат, но честопати се растерувани од полицијата која користи прекумерна сила, како што се гумени куршуми, солзавец и палки. Постои простор за недржавни медиуми и уредничка независност, но новинарите се соочуваат со физички напади и тужби за клевета, се потенцира во документот.

Како „потиснати“ се оквалификувани 51 држава, кои опфаќаат 42,6 проценти од населението на Земјата, меѓу кои се и Индија, Мексико, Казахстан, Пакистан, Тајланд, Турција и повеќето африкански држави, во кои слободата на граѓанското општество е строго ограничена.

– Секој што ги критикува оние што се на власт е следен, малтретиран, затворан, па дури и убиван. Работата на неколкуте организации на граѓанското општество редовно е попречена – тие ја губат својата регистрација или се целосно затворени. Врз мирните демонстранти често се пука со боева муниција од страна на државните сили или тие се апсат. Медиумите обично ја одразуваат перспективата на Владата. Критичките веб-страници и социјалните медиуми се блокирани, а користењето на интернет е строго следено, се додава во извештајот.

И во последната категорија на „затворени“ се вклучени 29 земји со 29,9 проценти од вкупното светско население, меѓу кои и Белорусија, Виетнам, Кина, Русија, Северна Кореја и речиси сите блискоисточни држави, каде „нема простор за граѓанското општество“.

– Поточно, ова значи дека преовладува атмосфера на страв. Државните и моќните недржавни актери остануваат неказнети кога затвораат, злоупотребуваат или убиваат луѓе кои се залагаат за остварување на своите права на слобода на здружување, собирање и изразување. Секоја критика на режимот е строго казнувана. Нема слобода на печатот. Интернетот е строго цензуриран, а повеќето веб-страници се блокирани, се вели во документот

Во однос на ланскиот извештај девет земји – Буркина Фасо, Грузија, Есватини, Етиопија, Кенија, Монголија, Перу, Холандија и Палестинските територии – се рангирани пониско, а девет други повисоко – Бангладеш, Боцвана, Јамајка, Јапонија, Либерија, Полска, Словенија, Тринидад и Тобаго и Фиџи.

– Институциите на владеењето на правото се под притисок низ целиот свет. Тие се нападнати, на пример, од десничарски екстремистички и десничарско-либертаријански групи, како непријатели на наводната волја на народот. Им се одзема легитимитетот да ја контролираат извршната власт или да ги заштитат правата на малцинствата. Во исто време, законот се повеќе се користи за репресија: владите ги злоупотребуваат постојните закони или создаваат нови за борба против актерите на граѓанското општество или ги попречуваат новинарите во нивната работа, се оценува во извештајот.

Сепак, како што се посочува во документот, и граѓанското општество возвраќа со тоа што организациите и активистите ширум светот се повеќе прибегнуваат кон тужби и стратешки судски постапки за да го унапредат социјалниот и еколошкиот напредок.

Според претседателката на “Леб за светот”, Дагмар Пруин, извештајот покажува дека актерите на граѓанското општество ширум светот имаат алармантно ограничен простор за дејствување и дека владеењето на правото е под притисок.

– Демократијата и човековите права ширум светот се напаѓаат во положба каква што не сме виделе со децении. Владеењето на правото, поделбата на властите и заштитата од државното самоволие се под закана во се поголем број земји или тие воопшто не постојат, истакна Пруин, додавајќи дека за да има вистинска демократија потребно е да постои слободно цивилно општество.  

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ