Истрагата и по 22 години не го реши атентатот на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров. Ниту се откриени извршителите, ниту оние кои што го порачале атентатот, ниту пак е откриен мотивот за злосторството.
На денешен ден во 1995 г. во моментот кога службениот автомобил на Глигоров поминувал на улица „Македонија“ точно пред хотелот „Бристол“, со далечински управувач е активиран автомобил-бомба марка „Цитроен Ами“ со 30 килограми експлозив.
Григоров го преживеа атентатот, но останаа лузните од здобиените тешки повреди на главата, кои што не ги криеше до крајот на животот.
Веднаш беше спроведена опсежна истрага во која што беа вклучени странски полициски служби. Беа претресени преку 30.000 возила, 15.000 објекти, 19.000 граѓани беа претресени, а легитимирани 188.000 граѓани. Но, безуспешно. До денеска јавноста нема информација за сторителите, за нарачателите.
М.Т.